ВИДЕО: Антикорупциска ќе го проверува имотот на ексдиректорот на МЕПСО

Од:

Антикорупциската комисија отвори предмет за ексдиректорот на МЕПСО Сашо Василевски и ќе го испитува неговиот имот, откако „А1он“ објави дека тој купил стан од фирма на осомничен во истрагата „Поштенска банка“, имот кој СЈО не побарало од судот да го замрзне.

Антикорупциската комисија ќе испитува дали со приходите што тој ги имал можел да се стекне со толкав имот, како и за начинот на кој го стекнал.

Од документите од скопскиот катастар до кои дојде „А1 он“ и од дополнителната проверка во електронскиот систем се гледа дека станот од 109 квадрати и пет квадрати гаража, Василевски, кој важи за близок човек до специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, го купил на 30 октомври 2018 година по цена од 80 илјади евра.

Ова се случило само 17 дена откако СЈО ја отвори истрагата за предметот „Поштенска банка“, каде што осомничен бизнисмен е токму сопственикот на фирмата „Бентон“ ДООЕЛ експорт-импорт од Гевгелија, Томе Главчев, oд каде што е купен станот. Извори од СЈО за „А1 он“ изјавија дека Катица Јанева кажала тој стан да не биде замрзнат, бидејќи наводно бил проблематичен.

Станот во скопски Карпош на улица Орце Николов, Василевски го купил со кредит од банка од 55 илјади евра, а останатите ги доплатил. Станот е ставен под хипотека, а банката ѝ ги уплатила парите на фирмата на Главчев. Тоа значи дека еден квадрат од станот го купил за приближно 730 евра од квадратен метар, иако во овој дел од градот цените на становите надминуваат 1.000 евра од квадратен метар.

Би можело да ве интересира

Патувањето на сопругата на Гаши на НАТО самитот во Вашингтон е законско, одлучи Антикорупциска

СДСМ: ДКСК да ја повлече скандалозната одлука за Христовски

Нема основа за постапување против директорот на АНБ, Бојан Христовски констатираше Антикорупциска

Катерина Ѓуровски

Раскинат е договорот со изведувачот на проектот за 400 киловолтна интерконекција со Албанија

СДСМ бара Обвинителство и ДКСК да кажат до каде се предметите за скандалот Христовски во АНБ

Антикорупциска повторно реагира за назначувањето на членови на Управниот одбор на Академијата за судии и јавни обвинители: Законите важат подеднакво за сите