А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Антикорупциска: Како знае ОЈО дека Иницијативата е беспредметна кога уште не е доставена

by А1он20/07/2023 - 14:2420/07/2023 - 14:38397
Share0

Како ЈО ја оцени Иницијативата дека е беспредметна и неоснована и како процени дека Комисијата за спрежување корупција при анализа на предметот немала пред себе бројни докази ниту увид во комплетната фактичка состојба, кога Иницијативата сеуште не е доставена, а ЈО сеуште нема сознанија кои доказни материјали сме ги обезбедиле при анализата на овој предмет се вели во реакцијата на Антикорупциска на денешното соопштение од Обвинителство ,а во врска со случајот „Труст“.

Добивај вести на вибер

-Во духот на заедничка и организирана борба против корупцијата и организираниот криминал целисходно е ЈО претходно да ги види сите факти и аргументи со кои располагаме, бидејќи целта на ДКСК е да придонесе при расветлувањето на овој случај, а не да ја компромитира постапката што се води во ЈО. Меморандумот за соработка помеѓу институциите е само израз на добра волја за соработка, но надлежностите се јасно дефинирани во законите. ДКСК почитувајќи ги одредбите во Меморандумот за соработка на ДКСК со ЈО, на редовна средба го извести обвинителството дека има сериозни сомнежи во врска со предметот Труст и дека ќе покрене Иницијатива за поведување постапка за кривично гонење. ДКСК и понатаму ќе продолжи да постапува согласно своите законски надлежности и да соработува со сите надлежни институции за борба против корупцијата и организираниот криминал, во интерес на владеењето на правото, се вели во соопштението од ДКСК.

antikorupciska komisijajavno obvinitelstvotrust

Би можело да ве интересира

Притвор за битолчанецот осомничен за детска порнографија

А1он03/04/2026 - 15:1903/04/2026 - 15:21

Битолчанец вработен во образовна установа осомничен за дистрибуција на детска порнографија

Катерина Ѓуровски03/04/2026 - 12:41

Реакција на ССНМ и ЗНМ: Повикот на ОЈО за „воздржаност“ може негативно да се протолкува

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 16:22

Ловочувар пронајден застрелан: прведени четворица, тројца се странци

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 12:5829/03/2026 - 13:47

Процесот против полицајците за „Пулс“ ќе продолжи, реагира Обвинителството по промената на Трајчева

Катерина Ѓуровски29/03/2026 - 11:0629/03/2026 - 18:27

Бил пијан и немал дозвола, Обвинителството бара притвор за возачот кој прегази пешак во Марино

Катерина Ѓуровски26/03/2026 - 13:23
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто