Антикорупциска го предупреди Вангеловски: Не може девет судии кои се пред разрешување да одлучуваат

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата, испрати допис до Врховниот суд, со кој ги предупреди врховните судии дека не треба да учествуваат на општата седница на која ќе се расправа кој закон за судови да важи за евентуалното нивно разрешување, по поднесените иницијативи на двајца скопски адвокати. Писмото е адресирано до претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски.

Во согласност со членот 73 од Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси,  ако службено лице учествува во расправа на орган или тело, во кое се одлучува за работи за кои тоа или бликсо лице има приватен интерес, службеното лице е должно да го пријави постоењето на приватнииот интерес и да се иземе пред расправата и одлучувањето, а најдоцна пред почетокот на одлучувањето.

Аниткорупциска предупреди дека доколку врховните судии го прикријат постоењето на приватниот интерес и не постапат во согласност со цитираните одредби од законот за спречување на корупцијата и судир на интереси, претставува повреда на должноста и е основа за покренување постапка за утврдување одговорнот и изрекување мерки.

Двајца адвокати од Скопје, побараа од Врховниот суд на општа седница да донесе начелно правно мислење според кое за судиите што се предложени за разрешување, меѓу кои е и претседателот Јово Вангеловски, да важи поблаг закон.

Би можело да ве интересира

Врховен го објави образложението за укинувањето на пресудата за Ласкарци

Врховен објасни зошто е укината пресудата за Јакимовски: Судовите не утврдиле дали за објектот била потребна дозвола

Катерина Ѓуровски

Врховниот суд ги укина пресудите за Стевчо Јакимовски – предметот се враќа на повторно одлучување

А1он

Почина Мила Камбовска, поранешен судија на Врховниот суд

Горан Наумовски

Бесник Џемаили избран за заменик претседател на ДКСК

Прескокнувањето системски закони е аларм за корупицја – Антикорупциска реагира за Законот за „Скопје 2028“

Катерина Ѓуровски