Антикорупциска бара да запрат огласите за вработување во администрацијата

Од:

Државната комисија за спречување на корупцијата бара да запрат постапките за вработувања во админситрацијата на централно и на локално ниво до завршувањето на локалните избори.

– Во врска со вонредниот зголемен број огласи за вработување на централно и на локално ниво што деновиве се објавени во јавните гласила, цениме дека се работи за активности ставени во контекст на претстојните локални избори и затоа бара државните институции – огласувачи на централно и на локално ниво да ги запрат сите натамошни дејствија во врска со објавените огласи за вработување се до завршување на изборниот процес односно со конституирањето на новоизбраните органи, а истовремено се бара да не се објавуваат нови огласи за вработување, се вели во соопштението.

Како што се наведува, Комисијата побара од Агенцијата за администрација да ги запре сите дејствија по однос на огласите за вработување објавени пред денот на донесување на Одлуката за распишување на локалните избори (11.01.2013 година), а нови огласи да не објавува на нејзината веб страница.

Државната комисија за спречување на корупцијата и за овој изборен циклус остварува непосредна соработка со Агенцијата за вработување која, како што се посочува, се покажа како ефикасна во досегашниот период.

Според соопштението, Агенцијата за вработување нема да врши пријавување на засновање работен однос во државните институции на локално и на централно ниво, освен во случаите за кои има поединечно позитивно мислење од Државната комисија за спречување на корупцијата.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Со одлуката на ДКСК се потврдија лагите за Јован, го обвинија и го судеа без докази само затоа што ми е син

Антикорупциска ќе иницира постапка против заменик министер за распоредување на вработени за време на избори

Академијата за судии најавува тужба по вчерашната седница на Антикорупциската комисија: Имаше многу процедурални повреди

Александар Тодески

Алиу: Вработувањата не се предизборни, ќе се вработат на неопределено лица кои работеле привремено

A1on

Изгласан новиот состав на антикорупциска

Од јануари нема да се чека согласност од Финансии за вработување во администрација