Антихумано – Владата хуманоста ја даночи со 18 отсто ДДВ

Од:

Хуманоста на граѓаните владата ја даночи со 18 отсто ДДВ. Најнов случај на одданочување на добрината и сочуствувањето на луѓето со нечија болест е примерот со битолчанецот Пеце Роговски кој се бори со малигниот тумор на бутниот мускул.

Младиот Пеце поради прогресирањето на болеста е прикован за кревет и неподвижен. Во исчекување на помош од сите оние кои можат да го помогнат неговото семејство, државата не се откажува од данокот на додадена вредност.

pecerogovski=poraka

За секој оној кој ќе одлучи да прати порака на некој од броевите, за 100 денари државата инкасира уште 18 денари по основ на ДДВ.

Но тука не е крајот. На вкупно собраната сума на пари од донации државата уште еднаш пресметува ДДВ и се намалуваат парите кои граѓаните ги донираат за да му помогнат на Пеце да ја победи болеста и да оди на операција во Турција за која се потребни 54 илјади евра.

Останува нејасно зошто државата не го укине данокот на додадена вредност кога станува збор за донации но и зошто се одданочува хуманоста и добрината.

Универзитетскиот професор Мерсал Биљали смета дека одданочувањето на донациите е антихумано. Одлуката оваа влада да не го повлече ова законско решение според него ја покажува негрижата за сите оние кои се беспомошни и очајнички бараат излез.

„Надвор од секоја логика е ова. Хуманите дејности не се профитабилни. Тие луѓе бараат излез за проблем кој е поврзан со болест или несреќа. Нема логика да се одданочува хуманоста и е антихумано. Се погазуваат повеќе конвенции од хуманите дејности. Идните законодавци сериозно да размислат и да направат измени на ова поле. Болен човек собира пари за да се лечи а државата го даночи. Очигледно државата не ја интересира состојбата на болните, ја интерисоира само пари. Ретко која држава одданочува донации“, објаснува универзитетскиот професор Мерсал Биљали.

Мајката на Пеце, пред медиумите објасни дека се обратиле за помош до фондот за здравство и дека во тек се сложените административни процедури. Низ солзи побара помош оти болеста на Пеце прогресира а време за чекање нема.

Од Фондот за здравство пак со спротивен став. До нив не било поднесено барање за упатување на лекување во странство. Од ФЗОМ објаснуваат дека стапиле во контакт со семјството на Пеце Роговски и им укажале како оди процедурата за лекување во странство.

„За Пеце Роговски од Битола, се уште не е издаден предлог за упатување на лекување во странство (конзилијарно мислење) од соодветната клиника и затоа осигуреното лице нема поднесено барање до ФЗОМ за упатување на лекување во странство. Во моментот кога осигуреното лице Пеце Роговски ќе добие конзилијарно мислење од соодветната клиника и ќе поднесе барање до ФЗОМ за упатување на лекување во странство , ФЗОМ ќе го разгледа барањето и ќе одлучи по него во итна и транспарентна постапка“, велат од ФЗОМ.

Во постојана борба со болеста, Пеце и неговата мајка се борат и со сложените административни процедури. Секоја изгубена минута е драгоцена а правото на лекување и живот е неприкосновено право.

Јавноста се уште се сеќава на смртта на малата Тамара од Велес која почина чекајќи ја одлуката на фондот за здравство да оди на операција во странство.

Под приситисок на јавноста владата се откажа од данокот на додадена вредност за настраданите во полавите во Србија и БИХ. И во тој случај за донирани 100, државата по основ на ДДВ инкасираше плус 18 денари.

По острите критики од граѓаните кои донираа, владата се откажа од собраните пари за ДДВ иако пред да се реши на ваков потег истото го направи хрватската влада објавувајќи ја одлуката на социјалните мрежи.

Б.С.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

СДСМ: Цените не се намалени, власта да го прифати предлогот на СДСМ за укинување на ДДВ на храната

Горан Наумовски

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски