Анкетарите на ДИК ја почнаа теренската проверка

Од:

Анкетари на ДИК денеска ја започнаа теренската проверка на Избирачкиот список на 100.436 неконзистентни записи распоредени на 89.383 граѓани во сите 80 општини во Република Македонија.

Како што соопшти Љупка Гугучевска, советник во ДИК, на терен се излезени 488 анкетари и доколку е потребно ДИК ќе ангажира дополнителен број за да се зголеми ефикасноста на процесот.

Заедно со анкетарите на терен има и набљудувачи од четирите политички партии кои, како што нагласи Гугучевска, немаат право да влегуваат во комуникација со лицата кои се анкетираат при теренските проверки.

Во контактот со граѓаните анкетарите треба да се идентификуваат со беџ издаден од ДИК и потпишано овластување од претседателот на Државната изборна комисија.

– ДИК е во постојана комуникација со подрачните одделенија и од блиску го следи процесот. Досега нема информација за проблеми на терен, но дополнителни информации се очекуваат кон крајот на денот кога ќе заврши анкетирањето и кога материјалите ќе им бидат предадени на контролорите во подрачните единици на  ДИК, рече Гугучевска.

Во седиштето на ДИК во Скопје во тек е седница на која на дневен ред е Извештајот за прогресот во спроведувањето на теренските проверки на Избирачкиот список.

На седницата ќе стане збор и за можноста за објавување на неконзистентните записи од вкрстените проверки на интернет страницата на Државната изборна комисија, како и за барањата на Мисијата на ОБСЕ, МОСТ и Синергија за набљудување на теренските проверки.

Би можело да ве интересира

ДИК со првичните официјални резултати: Радичевски од ВМРО-ДПМНЕ прв со 2945 гласови, втор Јахиј од НАИ со 2152 гласа, течат роковите за приговори

Катерина Ѓуровски

ДИК: Излезноста во Брвеница до 15 часот 31,17 проценти, гласале 5.064 граѓани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) ДИК: Излезноста во Брвеница до 9 часот е 2,46 отсто, гласале 400 избирачи

ДИК: Во Брвеница гласањето се одвива без проблеми, гласаа 85 болни и немоќни лица

Поплава во зградата на поранешна „Нова Македонија“, без струја ДИК и МОН

Катерина Ѓуровски

Голем пропуст во ДИК: Ревизорите открија милионски пренасочувања