Анкета на „Рејтинг“: Заев би бил подобар премиер од Мицкоски

Од:

Зоран Заев би бил подобар премиер на државата од Христијан Мицкоски, покажува најновата анкета на агенцијата „Рејтинг“ спроведена меѓу 1080 испитаници со метод „интервју лице в лице“. Според анкетата Заев е во предност за 5 проценти, односно за Зоран Заев се изјасниле 32 отсто од испитаниците, а за Мицкоски 27 отсто.

Според анкетата, мнозинството граѓани негативно ја оценуваат работата на техничките министри кои ги постави ВМРО-ДПМНЕ во Владата. На прашањето: „Како ја оценувате работата на техничките министри на ВМРО-ДПМНЕ во Владата?“ 44 отсто се изјасниле дека нивната работа ја оценуваат негативно, додека 35 отсто рекле дека ја оценуваат позитивно. Еден од пет испитаника или не знаел или немал мислење за работата на техничките министри.

Ниските плати и животниот стандард, корупцијата и криминалот, невработеноста, високите трошоци за живот и иселувањето испитаниците ги издвоиле како најголеми проблеми со кои се соочува државата.

На прашањето „Дали Влада предводена од СДСМ или Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ може подобро да се справи со најголемиот проблем со кој се соочува земјата?“, 30 отсто од испитаниците одговориле дека со тој проблем подобро може да се справи Влада предводена од СДСМ, а 26 отсто рекле дека тоа е Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Покачувањето на платите, напредокот во евроатлантските интеграции и зголемувањето на социјалната помош се на врвот на листата активности на Владата на СДСМ кои испитаниците ги посочиле како најпозитивни.

Интересни се одговорите на прашањата околу перцепцијата на испитаниците за тоа дали Влада предводена од Зоран Заев или Влада предводена од Христијан Мицкоски би се справила подобро со различните проблеми и предизвици со кои се соочуваме како држава. Резултатите се разликуваат за само неколку проценти, но она што паѓа в очи е прашањето која влада би обезбедила поголема независност на судството и да го намали криминалот и корупцијата – тука високи 42, односно 44 проценти од испитаниците се изјасниле дека ниту едната ниту другата влада не би можела да го стори тоа.

Анкетата на „Рејтинг“ била спроведена од 18 до 29 јануари, а статистичката грешка изнесува од -3 до +3%.

Би можело да ве интересира

Лични документи можат да се подигнат и в среда на денот на изборите

Анита Петровска Рајковиќ

Мицкоски: Да ја вратиме Македонија на граѓаните затоа што сега е ограбена, понижена, затоа излезете масовно и заокружете за Македонија повторно горда и Македонија повторно твоја

Негативни коментари по дебатата на МРТ: „Ова не е дебата, туку квиз“

Ахмети скандирајќи „УЧК“ му порача на Мицкоски: Христијане, мери си ги зборовите, на устата уште имаш млеко“

Орце Костов

Мицкоски: Власта спрема сценарија за изигрување на изборната волја на народот, најефикасен одговор за нивната завера е масовно гласање

Мицкоски: И Ковачевски и Ахмети на чело да тетовираат знаме на ЕУ и да се качат на врв на зградата на ЕУ, тие не стануваат тоа зошто до гуша се во криминал