Анкета на „Рејтинг“: ВМРО-ДПМНЕ-21,9%, СДСМ-18,8%

Од:

Доколку утре се одржат избори за ВМРО-ДПМНЕ би гласале 21,9%, за СДСМ-18,8%, за ДУИ-7,1 , ДПА би имала поддршка од 4,8 % , а НДП од 2,6 %, ЛДП-1,2 и ВМРО-НП-1,3 %. Неопределни се 39 %.

Ова се резултатите на анкетата на Агенцијата за испитување на јавното мислење и комуникации „Рејтинг“, направена за потребите на „Фокус“.

Неделникот констатира дека големиот број неопределени, ја прави политичката сцена, мошне неизвесна, и дека релативно бавно, но се намалува разликата меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, и таа е сега околу 3 %. „Фокус“ пишува , дека доколку на контото на опозицијата се прокнижат и гласовите на ВМРО-НП и на ЛДП, ситуацијата е безмалку изедначена.

„Рејтинг“, поставил за прв пат прашање, кое до сега се сметало за табу-тема: Кој може да ги замени во партијата Груевски и Црвенковски?

12,5 %, заменикот на Груевски го гледаат во Антонио Милошоски, 9,3 во Зоран Ставревски, а 8,9% во Никола Тодоров. За 23,4% од анкетираните нема замена за Груевски.

Еднаков процент, 18,3 % заменикот на Црвенковски го гледа во Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, а 9,2 % во Владо Бучковски. За 14% од анкетираните нема замена за Црвенковски.

Би можело да ве интересира

Донации од 200, 500, 1000 денари: Ванковска кажа колку пари легнуваат на наменската сметка за изборите

Граѓаните преку Буџетот донираат во секоја партија без разлика за која гласаат: Ревизорите ги објавија приходите и расходите на 42 партии

Орце Костов

Финансирањето на телевизиите со државни пари ги сплоти СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ: „Законот за поткуп на медиуми“ќе се носи по скратена постапка

Орце Костов

(ВИДЕО) Николоски: Бараме формулација за македонски јазик без изјави и дообјаснувања

Орце Костов

Молк од Горан Милевски за модифицираниот француски предлог

Орце Костов

ВИДЕО: Колку пари трошат политичките партии на рекламирање на билборди

Ана Ололовска