Анима Мунди протестно пред „Балкански“ против циркусни точки со животни

Од:

Здружението за заштита на животните, Анима Мунди, организира протест денеска во 16 часот пред циркусот Балкански, како знак на револт против измачувањето на животните во име на нечија заработка и забава.

„Факт е дека животните природно не возат велосипед, не стојат на глава, не балансираат на топки, ниту пак скокаат низ огнени прстени. Како би ги присилиле да ги изведуваат тие збунувачки, физички и неудобни трикови, тренерите користат јажиња, цврсти околувратници, струјни удари, стапови со куки на врвот и останати болни предмети. Исто така, и самото чување и превезување на животните од циркус е патење и малтретирање“, посочува здружението.

На Фејсбук настанот за денешниот протест, креиран од Анима, пишува:

„Тепани, изгладнувани, измачувани, осамени, болни, исплашени, цел живот РОБОВИ, за да те насмеат! ОСУДИ го изживувањето и искористувањето на послабите! Биди глас на оние кои страдаат во тишина! Кажи што мислиш во однос на суровата „уметност“! Кажи што мислиш за крваво заработените пари! Кажи да за уменост – но КАЖИ НЕ ЗА ЦИРКУСИТЕ СО ЖИВОТНИ!“

Здружението бара законска забрана за изведување на циркуси кои вклучуваат точки со животни, а и потсетуваат дека во Хрватска, Србја, Босна и Херцеговина, Словенија, исто така и во повеќето ЕУ земји, циркусите со животни се законски забранети.

Протестот е зад СЦ „Борис Трајковски“.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

Свирепо мачење штрк во Гевгелија, Анима Мунди бара итна инстиуционална реакција

Утре во „Матично“ трибина на Либералниот Институт за законски измени за заштита и посигурна иднина на животните

Заменик директорот на „Македонија пат“ Сашо Дранго убива мечка и позира со неа, Анима Мунди бара негово разрешување

A1on

На дива депонија во Лисиче фрлени одрани животни

A1on

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните