Анима Мунди: Мртов мал волк, мртви птици во кафезите на Зоо Битола, бараме итно затворање и казни за одговорните лица!

Од:

„Овие снимки и фотографии само ја потврдуваат бедотијата на животните во Македонија, континуираното нивно страдање во Зоо Битола. Изјавата на овој граѓанин кажува се! Бараме итно затворање на Зоо Битола и најстрога казна за одговорните лица за мачење, негрижа на животните, континуирана закана и опасност по жителите на градот! Потсетуваме – тоа е зоолошка во која противпзаконски се заловуваат, сместуваат и убиваат бездомните кучиња во Битола; зоолошка во која пред некоја година избегаа 2 волка и беа застрелани, но за тоа не одговарал никој иако поднесовме кривични пријави!

Тоа е зоолошка во која несреќни живи битија се осудени на страдање, глад, неприродни услови и третман на експонати кои служат за лесна заработувачка; животни заборавени од сите! Анима Мунди повторно ќе поднесе пријави во понеделник и бараме трајно одземање на дозволата за работа на Зоо Битола, одземање на сите животни и нивно донирање во центри за ресоцијализација на диви животни во Европа.

Ние имаме избор – животните немаат! Ги повикуваме граѓаните на бојкот и јавна осуда на Зоо Битола и секоја друга зоолошка ! Не поддржувајте мизерија и затвори на животните, нивна деградација, изолација и отуѓување од дивиот свет на кој му припаѓаат, со цел нечија лесна заработувачка“, се вели во соопштението на Анима Мунди.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

Анима Мунди: Итно да запре убивањето кучиња во ЈП Лана, Струмица и да се овозможи непречен влез на активистите

„Кучиња се дават во крв додека некој се радува на победа“: Помеѓу Охрид и Струга изграден ринг за борби

A1on