Анима Мунди: Агенцијата за храна и ветеринарство повторно доследна во несопособноста

Од:

Наша должност е да ја известиме јавноста, да ја обелодениме неспособноста и незаинтересираноста на официјалните ветеринарни инспектори во Агенцијата за храна и ветеринарство во за нас 101 пријавен случај до нив за неодговорно сопствеништво реагираат од Анима Мунди.

Содржината на претставката која беше испратена од наша страна до нив на 12.12.2022 година ги има сите елементи на неодговорно сопствеништво, неконтролирано размножување, буквално мачење и малтретирање на 3 кила куче во зиме и лете.Само во оваа бесправна држава каде што институционални паразити се оние кои треба да ја спроведуваат правдата за животните куче со микрочип чиј сопственик живее во Бутел може да биде чувано на јавна површина во Ново Лисиче повеќе од година дена и истото за Агенцијата за храна и ветеринарство да е неосновано за постапка бидејќи било базирано на претпоставка се наведува во реакцијата од здружението за заштита на животни.

Кучето во наведениот случај со законски сопственик повеќе од една година е чувано на јавна површина во импровизирана куќарка, се храни од канти за отпадоци и истовремено размножувано со расни кучиња велат од Анима Мунди.

– Скучна, се окучува во истиот тој парк и според сведоштвата на соседите голем дел од малите угинуваат.
Освен во Агенцијата за храна и ветеринарство случајот истовремено беше пријавен во ЈП Лајка кои веднаш изглегоа на терен и го заловија кучето, истото е сеуште во прифатилиштето се вели во соопштението.

Анима Мунди денеска го добиле договорот на претставката до Агнецијата за храна и ветеринарство.

– Агенцијата за храна и ветеринарство нема да постапува по наводите на претставката бидејќи истите биле базирани на претпоставка.Од кога претпоставка е пријава која ги содржи сите елементи на кршење на закон за одговорно сопствеништво и прилог податоци за сопственикот, слики од состојбта на кучето и околината во која е чувано каде што е јасно дека не е приватен имот? Дали претставките кон активистите содржеа повеќе елементи и докази за неодговорност па затоа бевте толку ажурни во нивното постапување? Труло општество со уште повеќе трули институции резултира со илјадници бездомни животни по улиците комплетно нарушувајќи ја нивната благосостојба од страна на неодговорни сопственици, загрозувајќи ја безбедноста на граѓаните и единствените инспектори со надлежност за постапување во вакви случаеви се незаинтересирани за спроведување правда. Следниот пат кога ке видите бездомно животно се надеваме дека вашиот прст ке знаете каде да го вперите.

 

анима Мунди најавува дека овој случај на повисока истанца со надеж дека можеби овој 101ви пат правдата ке биде спроведена.

Би можело да ве интересира

Група граѓани одржаа протест и марш во Тетово, поради кучето кое угина по пад од зграда

„Анима Мунди“ ги повикува пратениците да ги поддржат измените на Законот за заштита и безбедност на животните

Анима Мунди: Инвеститорот и пожарникари го натерале кучето во Тетово да скокне

А1он

ВИДЕО: Продолжува суровоста во Македонија-куче фрлено од седми кат

Предраг Петровиќ

АХВ: На фејсбук страницата „Zeolit MK“ нелегално се продава „Zeo Medic“, производот не е одобрен и нема гаранција дека е безбеден

Повлечен од продажба небезбеден чипс од Косово