Ангеловски: Граѓаните да пријават ако службеници им бараат мито

Од:

Секој граѓанин, ако од него полициски или царински службеник побара мито, да го пријави случајот во МВР, апелира денеска портпаролот, Тони Ангеловски.

-Нашиот Оддел за внатрешна контрола веднаш ќе реагира. Заедно да ги сузбиеме овие несакани појави, изјави Ангеловски, информирајќи за денешното приведување на петмината полицајци од граничниот премин „Богородица“.

-Ние преземаме мерки против сите службеници. Минатата недела имавме акција против царински служебници, сега имаме за полициски службеници, истакна портпаролот и дополни дека полицијата продожува со конктунирани проверки.

Ангеловски, како што претпладнево соопшти МВР, рече дека кај петмина полициски службеници од граничниот премин „Богородица“ се пронајдени и одземени денарски и девизни парични средства во вкупен износ од 822 евра, како и алкохолни пијалоци. Тие се лишени од слобода и задржани во СВР Струмица, по што во текот на денот заедно со доказниот материјал ќе бидат предадени на надлежниот јавен обвинител.

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди дејствувал по добиени оперативни сознанија за незаконито постапување на полицајците.

Портпаролот на МВР информира и за 45-те мигранти кои вчера полицијата ги пронајде во два наврата.

Би можело да ве интересира

Полициска акција на повеќе локации, се апсат нарко дилери

Катерина Ѓуровски

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он

Кривична пријава против три физички и едно правно лице, го оштетиле буџетот на ЈП „Национални шуми“ за над три милиони денари