Ангелова: Бараме Арсовска да го разреши Глигоров, постои опасност тој да го повтори насилството

Од:

Трет ден молк од Зоран Глигоров за фрапирачките сознанија за вршење на семејно насилство. Дополнително, бараме од институциите конечно да покажат дека може да се обезбеди функционирање на секој сегмент на правната држава, особено кога се во прашање наводите за сторени насилни дејанија од страна на именувани функционери рече на прес конференција совтничката во Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ Емилија Ангелова.

– Зоран Глигоров е должен да одговори дали се вистинити наводите дека во два наврати, еднаш во 2007-мата и еднаш во 2017-та година бил пријавен за нанесување на телесни повреди при вршење на семејно насилство преку повеќе удари и изненаден напад? Исто така, Глигоров е должен да одговори дали се вистинити наводите дека како секретар на Град Скопје физички и вербално се пресметувал со лице вработено во Градот Скопје? Поради стравување од можно повторување на ваквите насилни дејствија бараме Зоран Глигоров веднаш да поднесе оставка од позицијата секретар на Град Скопје. Во непресметливи состојби и карактерни особини кај лица кои се поврзани со секаков вид на насилство постои голема веројатност насилството дополнително да ескалира. Бараме институциите да даваат највисок приоритет на пријавите на семејно насилство и да ги преземаат сите мерки за заштита на жртвите. Очекуваме и од градоначалничката на Град Скопје да реагира, да ги провери состојбите кои се пласирани во јавноста и за истото да информира дали и како ќе постапи односно дали ќе го разреши или не Глигоров од именуваната позиција рече Ангелова..

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски