Ангелов: Во моментов најсериозен е пожарот во дојранско Николиќ

Од:

Во моментов најсериозен е пожарот во дојранското село Николиќ во близина на границата со Грција. Тоа е пожар кој гори неколку дена. Рано утрово испративме еден армиски хеликоптер, кој прецизно дејствуваше по линијата на пожарот, но, поради ветрот кој постојано го менува својот правец овој пожар беше многу тешко да се стави под контрола, изјави попладнево директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Според него, бидејќи е раширен на поголема територија, претставува опасност да ги зафати и околните шуми.

-Во соработка со колегите од грчка страна кои понудија поддршка од два канадери го активиравме Европскиот механизам за цивилна заштита за употреба на овие канадери кои треба да дејствуваат. По потреба на располагање имаме еден полициски и еден армиски хеликоптер, како и два ЕР трактори на ДЗС, затоа што вториот пред малку слета во Скопје, рече Ангелов.

Информира дека пред малку избил нов пожар на територија на Крива Паланка во близина на местото каде беснееше пожарот пред неколку дена.

Во текот на вчерашниот и денешниот ден, како што информира Ангелов, регистрирани се повеќе од 40 пожари на отворен простор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Ангелов: Не палете оган на отворено, доволна е една искра за катастрофа

Горан Наумовски

ВИДЕО: Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближи кон куќите

Катерина Ѓуровски

Шест активни пожари низ државата и три под контрола

A1on

ВИДЕО: Еден повреден во битката со огнот кој дојде на 50-ина метри над куќите во Лознени, пожарот е под контрола

(ВИДЕО) Ангелов: Значително е влошена состојбата со пожарите на отворен простор

(ВИДЕО) Ангелов: Пожарот во кавадаречко се шири кон Тиквешко Езеро, ќе биде тешко да се локализира

Горан Наумовски