(ВИДЕО) Ангелов: ВМРО-ДПМНЕ и Зијадин Села ги подгреваат меѓуетничките тензии

Од:

Спинувањето на изјавата на претседателот на СДСМ трае веќе неколку дена. ДПМНЕ подгрева меѓуетничка тензија спинувајќи ја изјавата на Заев, но на тој начин, ДПМНЕ прави повеќекратна штета, рече лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов.

– ВМРО-ДПМНЕ започна една лавина која што се засилува последните неколку дена. На оваа лавина, вчера се надоврза и градоначалникот на Струга, Зијадин Села, кој што изјави дека доколку албанскиот јазик не е рамноправен со македонскиот, треба Македонија да се подели на две федерални единици со Албанско и Словенско говорно подрачје, рече Ангелов.

Тој кажа дека Достоинство ја осудува и постапката на ВМРО-ДПМНЕ која што спинувајќи изјава на лидерот на СДСМ, неколку дена ја држи актуелна оваа тема, но исто така го осудуваат и Зијадин Села кој што, според Достоинство, со ваквата непромислена изјава ги подгрева меѓуетничките тензии во Македонија и на тој начин влетува во стапицата која што вешто ја поставува ВМРО-ДПМНЕ.

– За каков соживот зборуваме доколку мнозинството Албанци бараат нивниот јазик да стане рамноправен и официјален јазик на целата територија на Македонија. Дали, доколку албанскиот јазик е официјален јазик на целата територија на Република Македонија ќе придонесе за подобрување на меѓуетничкиот соживот или за уште поголемо влошување на меѓуетничките тензии. Ние од Достоинство сметаме дека актуелизирањето на темата за официјализирање на албанскиот јазик на целата територија на Македонија ги вложува и онака кревките меѓуетнички односи, но има и друга димензија, доколку Албанците и Македонците престанат да се разбираат меѓу себе, а тоа ќе се случи доколку Албанците прекинат да го користат македонскиот јазик, ние уште повеќе ќе се оддалечиме. Од друга страна, зошто тие би биле привилегирани во однос на Србите, Турците, Ромите и другите етнички групи кои што живеат во Република Македонија. Дали Албанците кои што живеат во Швајцарија, Германија или Франција имаат право да го користат нивниот јазик и дали тоа штетно се одразува на нивното живеење во тие држави, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Доказ за безидејноста и конфузијата која владее во СДС е денешната прес-конференција на Венко Филипче

Мицкоски: Ако некој смета дека треба да бидемe дел од ЕУ, подготвени сме за се што е конструктивно, но не и деструктивно

Предраг Петровиќ

Филипче: Нема нова технологија дома, а Мицкоски ќе правел технологија за гласање од надвор

Предраг Петровиќ

СДСМ: Државата ги продава становите на Груевски за неколку милиони евра, додека тој си ги ужива милијардите во Будимпешта

Предраг Петровиќ

Опозицијата тврди: Наместо економски напредок, Македонија се соочува со стагнација

Мицкоски ги прекори опозициските партии дека и по неколку дена не усогласиле став за Изборниот законик, СДСМ експресно му одговори