Луѓе кои себе се претставуваа како патриоти и наследници на историското ВМРО се однесуваат како ѕверови кон човекот кој беше министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, кон човекот кој стоеше на чело на македонската полиција во 2001-та, кон човекот кој ја бранеше Македонија , реагира Стојанче Ангелов по објавата на СЈО дека екс директорот на УБК е првоосомничен за малтретирање на Љубе Бошкоски.
– Ваква суровост и омраза пред се кон човек, потоа кон поранешен министер и на крај кон македонски бранител, не е нормална. Затоа мора да биде казнета. Му честитаме на Специјалното Јавно Обвинителство за покажаната професионалност и храброст, вели Ангелов.