(ВИДЕО) Ангелов со повик: Утре на пладне ненасилно влегуваме во МРТ

Од:

Доколку МРТ вечерва не ги пушти снимките од телефонските разговори, утре на пладне народот влегува во телевизијата, најави Стојанче Ангелов, претеседател на Достоинство.Тој ги повика сите граѓани да дојдат и учествуваат во ослободувањето на јавниот сервис.

-Вечерва МРТ да емитува прилог со сите бомби, доколку МРТ не ги емитува снимките, тоа значи дека уредникот самоволно ги крши уставот и законите, а крши и повеќе постоечки закони во Македонија.

-Утре во 12 часот сите граѓани да дојдат и да влеземе во МРТ, ненасилно, нема да дозоволам да се тепаме, имам начин како да влезам и тоа ќе го кажам утре пред МРТ. Нема да има конфликт, а снимките ќе бидат емитувани, рече Ангелов.

Тој повторно го повика и Јавното обвинителство да ги даде бараните одговори.

-Доколку денес јавното обвинителство не кажа врз основа на која нивна одлука го заснова соопштението со кое се забранува на МРТ да се емитуваат политичките бомби, ќе сметаме дека соопштението е ништовно. Тоа ќе биде доказ дека не постои таква одкука. Тоа е кривично дело, и во најскоро време некој ќе одговара, рече Ангелов.

Ангелов кажа дека сака уште еднаш да и даде шанса на Јанкулоска и ја повика да си поднесе оставка.

-Јанкулоска, гледате дека јажето се стега, ако денес до полноќ си дадете оставка, ви гарантирам дека нема да ви фали влакно на главата, рече Ангелов.

Тој се осврна и на случајот за како што рече „говедото“ како што го нарекла Јанкулоска, Сашо Величковски. Ангелов кажа дека имало непристојни понуди до него да одработува за ВМРО-ДПМНЕ, но дека истото Величковски им го соопштил на раководството на Достоинство.

-Тој е член на Достоинство, претседател на Достоинство за Куманово, имаше еден период кога имаше непристојни понуди, му кажав ако тоа може да помогне, ние ќе останеме во дискретна комуникација.

Сашо Величковски никогаш нема работено за ВМРО-ДПМНЕ, за да работи за нив треба да оди на терен и да им кажува на нашите луѓе да гласаат за нив. Немаме ниту една таква дојава, рече Ангелов.

Би можело да ве интересира

МТВ: Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел

(ВИДЕО) Каевски: Голем скандал, лажните анкети на МТВ се нарачани во штабот на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Стоилковски: Очајни дезинформации својствени за СДС, следат тужби за клевета и за фалсификат

Реакција на МРТ на обвинувањата од СДСМ

Се подготвува нова програма за Собранискиот канал

МРТ објави конкурс за избор на претставник и композиција за Евровизија 2022

А1он