Ангелов со иницијатива за референдум за Талат Џафери

Од:

Стојанче Ангелов, претседател на Достоинство, вечерва најави дека ќе покрене иницијатива за спроведување референдум за оспорување на министерската функција на Талат Џафери.

-Нека не ми каже некој дека не може да оди да се потпише, убеден сум дека ќе собереме 150.000 потписи. Се надевам дека и членови на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласаат на референдум со кој Талат Џафери не може да биде министер за одбрана.

Ние не правиме ништо против соживотот, рече Ангелов на собирот во Континентал. Прашањето за референдумот според Ангелов ќе биде-дали сте за тоа припадници на вооружени групации кои учествуваа во конлфиктот во 2001 година,  да можат да бидат бирани за министри за полиција, одбрана или правда?

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он