Ангелов: Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника

Од:

„Нема реална опасност од ширење на пожарот над селото Чучер и нема потреба од паника“, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

Како што изјави попладнево Ангелов од Чучер, на огнот ќе му требаат неколку часа за да дојде до црквата што наводно била загрозена, според пишувањата по социјалните медиуми.

Во овој момент, нагласува Ангелов, селото е безбедно благодарение на локалните жители, на две екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и на една екипа на „Национални шуми“.

– Се наоѓаме веднаш над селото Чучер кое е делумно загрозено од пожарот што избувна вчера во попладневните часови, но во овој момент од она што можам овде да го видам, нема реална опасност по околните куќи, иако има неколку куќи кои можат да се видат зад мене и се буквално во шума. Благодарение на храбрите локални жители, на две екипи од Скопската бригада за противпожарна заштита и една екипа на „Национални шуми“, во овој момент нема опасност за селото и нема потреба од ширење паника. Паниката не ни помага, црквата што беше загрозена според пишувањата по социјалните медиуми, по моја слободна проценка огнот и да помине му треба неколку часа да дојде до таму, но на лице место има пожарникари и пред се, локално и пожртвувано население – истакнува Ангелов.

Според последните информации на ЦУК, пожарот е лоциран меѓу селата Блаце и Чучер во општина Чучер Сандево, се уште е активен, а горат мешана шума и ниска вегетација.

Би можело да ве интересира

Ангелов: Избегната е голема трагедија кај прилепско Бонче – огнот дојде до куќите

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Активни повеќе од 15 пожари на отворен простор – четири се големи

А1он

(ВИДЕО) Ангелов: Изгаснат пожарот кај Лопатица, останува високиот ризик од нови огнени стихии

(ВИДЕО) Ангелов: Истече кризната состојба во Гостивар – водата е чиста и безбедна за пиење

(ВИДЕО) Ангелов: Да се исчистат од вегетација напуштените објекти, превенцијата од пожари помага многу

(ВИДЕО) Ангелов: Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за трите манастири

Горан Наумовски