Ангелов: Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но пред малку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце

Од:

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, информира дека во текот на вчерашниот ден биле евидентирани повеќе од 20 пожари на отворен простор низ државата, од кои два се оценети како најсериозни.

-Најтешкиот пожар е оној во Јасен, но пред малку изгубивме контрола и на еден крак од пожарот во Јегуновце, кој гори на рид каде што има неколку репетитори. Репетиторите се успешно спасени и остануваат функционални, но пожарот е сè уште активен, изјави Ангелов.

На терен дејствува еден полициски хеликоптер, а според проценките на Дирекцијата, се очекува пожарот во Јегуновце да биде ставен под целосна контрола во текот на денешниот ден.

Би можело да ве интересира

87-годишна жена настрада во пожар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Пожар во дрвена куќа кај Самобор – двајца загинати

А1он

Опожарени дваесетина хектари нискостеблеста шума и сува трева во Макреш, Старо Нагоричане

Најмалку 50 лица се повредени во пожар во фабрика за автоделови

Два армиски хеликоптери го гаснат пожарот на планината Јабланица

Предраг Петровиќ

Пожар во Прочистителната станица во Мојанци, гореше инсталација за пренос на метан