Ангелов до Младеновски: Благодарам што ја кажа вистината пред македонскиот народ

Од:

Ти благодарам што собра храброст пред сиот македонски народ да ја кажеш вистината. Иако е малку задоцнето сепак благодарам, рече обвинетиот Горанчо Ангелов, по сведочењето на обвинетиот Стефан Младеновски, во кое изнесе голем број информации за 27 април и начинот на кој УБК ја вршело организацијата.

„Ќе се сложите со мене дека ние “идиотите” од патриотските здруженија сме искористени од партија, од УБК, од сите буквално“, Ангелов го запраша Младеновски.

На ова Младеновски одговори: “Дека сте кретени е заклучок на Нинџа, сигурен сум дека сте злоупотребени од Нинџа и директорот на УБК Владимир Атанасовски“.

Младеновски денеска на рочиштето за упадот во Собранието во исказот кажуваше кој, според него, го организирал, како го организирал упадот во Собранието и што се случувало дента на 27 април 2017 година.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Ангелов: Во Битола, на Тумбе Кафе пронајдени 1.067 неексплодирани убојни средства од Првата Светска војна

Судот одлучи: Насилен татко од Кисела Вода е избркан од семејниот дом откако со нож му се закануваше на синот

Горан Наумовски