Ангелов: Денешната средба ќе одигра клучна улога за перспективата за решение во следниот период

Од:

Средбата Димитров – Коѕијас – Нимиц ќе игра клучна улога во перспективата за решение во следниот период, вели Дарко Ангелов, македонскиот амбасадор во Атина, за денешното издание на грчкиот весник „Та неа“, во однос на новата рунда разговори.

Ангелов вели дека постои напредок во преговорите, кои на ниво на министри за надворешни работи се интензивирани во изминатиот период, но сепак остануваат основните разлики.

– Како што изјави и министерот Димитров, во изминатиот период беше забележан напредок во многу аспекти за едно веројатно решение. Сепак, остануваат основните разлики што се однесува на инсистирањето на Грција за промена на нашиот Устав и опсегот за користење на името. Сега влеговме во многу критична фаза за преговорите и средбата на двајцата министри, овој пат со присуство на специјалниот претставник на ОН Метју Нимиц, ќе одигра клучна улога во перспективата за решавање во следниот временски период, вели Ангелов за „Та неа“.

Би можело да ве интересира

Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето силно присуство во земјава

Катерина Ѓуровски

Висок грчки офицер e уапсен за шпионажа

Горан Наумовски

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид

Горан Наумовски

ВИДЕО: Трагедија во Грција: 15 мигранти загинаа во судар на чамец и патролен брод

ВИДЕО: Невремето во Грција однесе две жртви

Снежна бура во Грција, училиштата затворени во неколку региони