Аневски: Зврлевски е перфектен јавен обвинител

Од:

Претседателот на Советот на јавни обвинители, Петар Аневски кажа дека предлогот на Владата за разрешување на Марко Зврлевски се уште не стигнал кај нив.

Според него, Зврлевски е перфектен јавен обвинител иако Владата бара негово разрешување.

Аневски рече дека додека не го види образложението не сака да каже дали ќе биде позитивно или негативно, бидејќи не зависело само од него, но сепак во законски рок Советот на јавни обвинители ќе се произнесе.

На седницата присуствуваше Зврлевски, а на неа бил разгледуван извештајот за работата на Обвинителството на организиран криминал за обвинителите на кои им престанал мандатот, а биле прераспоредени во тоа Обвинителство.

Би можело да ве интересира

Продолжува преписката меѓу Уставен и судиите: Судската независност не може да биде оправдување за непочитување на Уставот

Катерина Ѓуровски

Судиите му одговорија на Уставен: мора да се почитува самостојноста и независноста на редовните судови

Судскиот совет го избра Зоран Герасимовски за в.д. претседател на скопска Апелација

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Судскиот совет избра 68 нови судии, a разреши двајца

Поништени огласите за членови на Судскиот совет од редот на Собранието и за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација