Аневски поднел оставка поради семејни причини

Од:

Претседателот на Советот на јавните обвинители, Петар Аневски, денеска поднел оставка од функцијата. Оставката, како што брифираат од Советот, ја поднел поради семејни причини.

Аневски поднел оставка само од претседателската функција, но и понатаму останува член на Советот.

На денешната седница на Советот, за в.д. јавен обвинител на РМ е назначена обвинителката Лилјана Спасовска. Таа ќе ја извршува должноста до именување нов јавен обвинител на РМ.

Петар Аневски беше избран за претседател на Советот на јавни обвинители од 30 јуни 2014. На чело на Советот дојде од Вишото обвинителство во Битола.

Според Законот за Советот на јавни обвинители на РМ, претседателот на Советот се избира од членовите на Советот, од редот на избраните јавни обвинители, со мнозинство гласови од вкупниот број членови со тајно гласање. Советот на јавни обвинители, согласно законот, треба да брои 11 членови.

Би можело да ве интересира

Раководителка на штедилница во Кавадарци осомничена за проневери и злоупотреби на парични средства од граѓани

Фиктивни долгови, фалсификувани потписи и изнуда: Истрага против четири лица, нотар осомничен за несовесно работење

Горан Наумовски

Обвинителството бара притвор за две лица вработени на Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип

Горан Наумовски

Скопското ОЈО ќе бара нов 48-часовен притвор за четворицата осомничени за разбојништвата со смртни последици во Скопје

Предраг Петровиќ

Кој ќе биде новиот шеф на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција

Предраг Петровиќ

Обвинителите бараат итна одлука од Уставниот суд за намалените плати

Катерина Ѓуровски