(ВИДЕО) Аневски: Јанева не го почитува Советот на обвинители, СЈО со одговор дека постапува законски

Од:

Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска не дојде во Советот на обвинители каде на дневен ред беше разгледувањето на извештајот за нејзината работа, што на собраниска седница ќе биде на 28 март.

Претседателот на Советот, Петар Аневски рече дека поради недоаѓањето на Јанева, што според него значи непочитување на Советот, не се разгледал извештајот на СЈО и следната седница е закажана за во среда, на која јавно ја покани Јанева да дојде, за да подоцна, како што рече, нема некакви нејаснотии.

– Членовите на Советот, сите заклучивме дека е нужно нејзиното присуство, бидејќи има доста нејаснотии и колегите ги интересираат одредени проблеми кои се наведени во тој извештај. Од тие причини, извештајот ќе биде разгледуван во среда и повторно ја покануваме обвинителката Јанева, која повторно и овојпат покажа непочитување кон Советот на јавните обвинители. Се надевам дека ќе дојде во среда, тоа е нејзина должност, рече Аневски.

Тој не одговори директно дали е законска обврска на Јанева да дојде во Советот, туку се повика на претходната пракса.

– Да не испадне после дека сме донеле неточни заклучоци. Има многу нејаснотии, многу детали, треба да не извести, рече Аневски.

Сепак тој не одговори што сака да ја праша обвинителката, а ниту зошто не и го доставуваат предметот „Маѓар – Телеком“, и „Пуч“ и уште три други.

Од Специјалното обвинителство велат дека постапуваат како што налагаат законските обврски.

– Не се работи за израз на непочитување кон Советот, тој е писмено известен, а СЈО нема таква законска обврска да присуствува на седницата. Доколку обвинителите имаат прашања, може да се обратат во секое време до СЈО, нашиот извештај е од таква природа што во извештајот е наведено се што е потребно. Постапуваме во согласност со законите и сметаме дека сите институции треба да ги почитуваат и да постапуваат според законските прописи, а не да ги толкуваат слободно, кој како сака, рече обвинителката Ленче Ристоска за А1он.

Извештајот на Специјалното јавно обвинителство прочитајте го тука

А.Б.

Би можело да ве интересира

Обвинителството чека извештај за претресите во Идризово, официјална потврда за ископаните тунели се уште нема

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

(ВИДЕО) Обвинителството задоволно од пресудата во случајот со грабнувањето на Костадиновски

Орце Костов

Обвинителство: Институциите да се воздржат од споделување информации, убиецот на докторот од Железара не е откриен

Орце Костов

Притворените за убиството на лекарот ќе бидат пуштени – нема докази дека се извршители на делото

Анита Петровска Рајковиќ

ОЈО бара притвор за извршителка од Кичево, осомничена е за три кривични дела

Горан Наумовски