Анџелина Џоли ги налути Грците во Лондон – поради уставното име на Македонија

Од:

Во рамките на работната посета на Обединетото Кралство, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, денес оствари средби со претседавачот на Комитетот за ЕУ при Домот на лордовите во британскиот Парламент, лордот Босвел, како и со претставници на парламентарната група за Македонија при Долниот дом на Парламентот.

На состаноците со британските парламентарци министерот за надворешни работи Попоски ги презентираше приоритетите на новата Влада, евроатлантските перспективи на земјата и разговараше за можностите за продлабочување на парламентарната соработка меѓу двете земји. На состаноците беше потврдена британската поддршка на европската агенда на земјата.

Инаку, претстaвници на Грција не присуствуваат на Глобалниот самит за запирање на сексуалното насилство за време на конфликт во Лондон, затоа што нашата земја учествува под името Македонија, а домаќини на самитот се актерката Анџелина Џоли и Вилијам Хејг.

Би можело да ве интересира

Дендиас за меморандумите со С. Македонија: Секоја грчка Влада оценува што е во нејзин интерес

Ана Ололовска

Варвициотис: Ако се врати националистичката реторика кај соседите, ќе ја редефинираме позицијата за евроинтеграцијата

Ана Ололовска

ВИДЕО: Димитров сугерира разрешување на Мизрахи, Министерството не е нејзин приватен стан

Ана Ололовска

На бугарскиот граничен премин „Ѓуешево“ се уште се користи „ПЈРМ“

Драган Поповски

За Илија Димовски „Никогаш Северна“ по дома, но секогаш Северна во европските фотелји

Габриела Димковиќ-Мишевска

Габер не очекува застој во работата на македонско-грчкиот експерски комитет поради предврмените избори

Ана Ололовска