Андоновски за обвинувањето од Венецуела: Авторитарен режим кој лиферува чинформации без докази

Од:

Внимателно го следиме процесот, Министерството не е истражен орган, но ќе се заложиме за тоа никој да не биде обвинуван во државата без да има соодветни докази за тоа, изјави министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски во врска со обвинувањата од Венецуела дека „хакери од Северна Македонија“ направиле сајбер-напад врз системот за пренос на податоци на изборите во оваа јужноамериканска земја.

Прашан за коментар во врска со обвинувањето од главниот обвинител на Венецуела дека наши државјани извршиле сајбер-напад во корист на опозицијата, а против досегашниот претседател Николас Мадуро, Андоновски одговори дека „станува збор за социјалистички режим којшто со години лиферува често информации непоткрепени со докази и обвинува засегнати страни и држави коишто немаат одговорност во таквите случаи“.

-Се надевам дека освен коментарите што излегоа во јавноста и коишто ги забележавме и со внимание ги следиме, од државата, од властите во таа држава ќе има и соодветни докази за наводно вмешување на некои наши граѓани или институции од државата. Внимателно го следиме процесот. Министерството не е истражен орган, но ќе се заложиме за тоа никој да не биде обвинуван во државата без да има соодветни докази за тоа и да не бидеме вмешувани во внатреполитички битки на еден авторитарен режим којшто постои со години во таа држава и неговиот однос кон опозицијата во таа држава, рече Андоновски, одговарајќи на новинарски прашања по состанокот со работната група за изработка на сајбер-стратегија.

Во однос на вчерашната изјава на вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците Иван Стоилковиќ кој во ТВ-интервју соопшти дека доставил извештај до Управата за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи за далечинско следење на видеонадзорот во Министерството, кој бил поставен од неговиот претходник Артан Груби, Андоновски одговори дека министерот Стоиљковиќ денеска на седница на Влада ќе ги сподели подетално информациите и, рече, „ќе знаеме со што се соочуваат во тоа Министерство“.

– Ја поздравувам ангажираноста на вицепремиерот и посветеноста со којашто ги решава проблемите. Немам детали. Ние не сме истражен орган за да ги знам деталите за таа компанија или за активностите коишто ги има. Можам да кажам дека најдовме систем за снимање и во Министерството за дигитална трансформација, но можам да потврдам дека тоа е во сопственост и контрола на Министерството и соодветно обележено дека одредениот простор се снима, така што ги почитува сите закони во моето Министерство. Што се случува во другите институции сѐ уште немам информации. Можеби најнадлежен орган ќе биде Министерството за внатрешни работи. Денеска имаме седница во 12 часот, па мислам дека министерот ќе ги сподели подетално информациите и ќе знаеме со што се соочуваат во тоа Министерство, истакна Андоновски.

Би можело да ве интересира

Шест странци уапсени во Венецуела за наводен заговор на ЦИА за убиство на Мадуро

Чистка во Венецуела: Сменети се сите кои одлучуваат за нафтата

Мадуро одлучи: Божиќ ќе се слави на 1 октомври

Горан Наумовски

Андоновски: Градиме сеопфатна сајбер безбедносна инфраструктура и нова национална стратегија усогласена со ЕУ директивите

(ВИДЕО) Членови на Вагнер забележани во Венецуела: „Каде и да одат носат смрт“

Венецуелската опозиција го обвини Мадуро за киднапирање по апсењето на пратеникот