Андоновска: Се откажуваме од дискусиите, но Арсовска да достави одлука и уште вечерва да изгласаме префрлање на средства на ЈСП за вработените

Од:

Моето јавување сега во моментот е буквално од причина што ги слушнавме претставниците од Синдикатот кои што јасно кажаа пред цела македонска јавност и пред скопјани, дека скопјани утре од 4:30 повеќе нема да имаат градски превоз, вели Марија Андоновска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Советот на Град Скопје.

– Иницијативата што денеска ја поднесе советничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е токму во оваа насока, граѓаните на Скопје да не останат без градски превоз. Но, бидејќи сега во моментот слушнавме дека тоа ќе се случи утре од 4:30 часот, ние како советничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата сме подготвени во моментот да се откажеме од сите дискусии кои што беа предвидени сега во моментот, да дадеме пауза ако треба од неколку часа и да побараме од градоначалничката одма денеска уште веднаш да ни ја достави одлуката, ќе седиме колку што е потребно и за да ја изгласаме таа одлука уште вечерва да се префрлат средства на вработените во ЈСП и од утре автобусите да можат слободно да се движат и граѓаните на Скопје да имаат превоз, додаде Андоновска.

Би можело да ве интересира

Град Скопје: Срушениот ѕид и ограда на Клинички центар е надлежност на Министерството за здравство

ВИДЕО: ЦУК бара од Град Скопје пешачки премин или кружен тек кај трговскиот Џевахир

Катерина Ѓуровски

Град Скопје: Трајко Славески не прифати седница за донирање на месечните паушали за Леонид

Предраг Петровиќ

Станковиќ до Арсовска: Ваша должност е да побарате од ДЗР да изврши ревизија за финансиското работење на ЈСП Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“

Град Скопје: Советниците на ВМРО-ДПМНЕ гласаа против одлуката за набавка на нови автобуси

Дива депонија во Визбегово, Арсовска најави кривични пријави