Андонов: Пред одлука за „Макпетрол“, КХВ да го испита сомнителното минато на „Балкан Петролеум“

Од:

Универзитетскиот профеор Марко Андонов ги предупредува членовите на Комисијата за хартии од вредност дека мора да гледаат малку над законот затоа што обидот за преземање на „Макпетрол“ не може да се затвори само со исполнување на неколкуте формални критериуми, туку мора да се открие целта на „Балкан петролеум“- зошто сака да го купи „Макпетрол“ и какви планови има со фирмата и вработените, осбено ако се знае нивното минато со пропаднати рафинерии и сомнително финансиско минато.

Андонов овој став го изнесе во Фокус, по информациите дека „Балкан петролеум“ обезбедила 47,5 милиони евра банкарска гаранција за да го купи „Макпетрол“, но и кога КХВ се уште не се изјаснува за случајот и најверојатно чека да измине рокот во кој тие ќе одлучат дали „Балкан Петролеум“ од понудувач може да започне постапка на купувач. Споре него, Комисијата пред себе ја има важната одлука од која зависи и понатамошната стабилност на македонската економија и пазарот со горива.
.
Андонов вели дека законот пропишува формално правни критериуми врз основа на кои КХВ одлучува, но дека Комисијата како регулатор мора да ги следи и другите информации кои ја доведуваат во прашање сериозноста и репутацијата на новоформираната компанија.

-Јас да сум регулатор ќе барам од основачот на компанијата да ми ги даде на увид сите нејзини извештаи. Ова треба да го направи КХВ пред да донесе каков било заклучок во врска со понудата на купувачот. Ова е многу важно, освен проверка на фирмата понудувач, да се проанализира историјатот на основачот и така КХВ да стигне до релевантни податоци, до оние податоци кои медиумите започнаа да ги објавуваат. Регулаторот ако сака може да открие и многу повеќе од тоа, изјавува професорот Андонов. Тој своите анализи ги прави и врз основа на искуството затоа што работеше во Секторот за супервизија во КХВ.

Според него, „Макпетрол“ не е било која компанија, туку сериозна нафтена фирма со голем удел во македонската економија, а понудувачот „Балкан петролеум“ е комплетно сомнителна оти луѓето кои стојат зад неа се со криминално и коруптивно досие.

-Сопственичката структура е секако важен сегмент кој мора да се следи пред да се донесе каков било заклучок. Да не заборавиме дека на увид мора да се имаат финансиските извештаи, репутацискиот ризик, како и рејтингот на компанијата. Ако офшор формиран пред еден месец со јасна намера и конкретна цел се појавува како понудувач, тогаш мора да се проверуваат и други работи, освен дали се исполнети условите од законот, вели тој.

Би можело да ве интересира

Признание за „Макпетрол“ како еден од најголемите поддржувачи на СОС Детско Село

Со поддршка од „Макпетрол“ и во Кочани ќе се одржат работилници против врсничко насилство

А1он

Каратистите на „Макпетрол” ја отвораат сезоната со учество на светската лига во Атина

„Макпетрол“: Ученици од 40 училишта се здобија со знаења за врсничкото насилство

Три медали за каратистите на „Макпетрол” на Балканското првенство во Љубљана

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство