(ВИДЕО) Андонов контра Андонов: Немаа судски налог, имаа судски налог

Од:

Дополнителниот заменик министер за внатрешни работи со навреди и обвинувања кон Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева се обиде да го оправда тоа што два дена чекаат да добијат податоци од УБК.

Еднаш кажа дека Јанева немала судски налог, подоцна кажа дека имала, за потоа на новинарско прашање да објаснува дека таа кога дошла во МВР немала, а набавила налог дури во 16:30 часот.

– Таа во 11 часот дојде на кафе и сок кај Спасовски, не дојде со судски налог. Во 14:30 часот побара да влезе во УБК веројатно како гостин и да бара документи, а во 16:30 часот донесе судски налог за да влезе. Таа сакаше да предизвика пуч во МВР, каде е политичката и стручната одговорност на Јанева, каде е политичката одговорност на Сапсовски? Дали има двајца, тројца или петмина оператори е проценка на директорот на УБК согласно потребите кои ги има. Дали мислите дека се доволни тоа не е прашање кое јас ќе ви го одговорам или пак самите можете да си ги одговорите.

Тој кажа дека МВР, Управата за безбедност и контраразузнавање и Бирото за јавна безбедност се подготвени за соработка со СЈО, единствено кога Јанева ќе знае што сака и што бара во законски рамки за да може да го добие истото.

Дополнителниот заменик министер во два наврати нагласи дека Специјалната јавна обвинителка и министерот Оливер Спасовски сакаат да направат пуч во Министерството за внатрешни работи.

– Очигледно Јанева во соработка со Спасовски подготвува терен за удар во МВР при што не води сметка за конфронтација со единиците на МВР па и лична конфронтација. Таа праша која е улогата на дополнителниот заменик министер, но јас ќе поставам контра прашање,која е улогата на Јанева и СЈО кога не знаат која е улогата на дополнителниот заменик министер, нека се повикаат на законот за влада каде децидно се зборува дека јас еднакво делувам во МВР со министерот, ако некоја институција е спречена да извршува функција тоа е мојата функција бидејќи вчера пред воопшто да се појави пред просториите во УБК, Јанева помина добри три часа на кафе и сок со Спасовски за да конструираат за МВР. Таа пракса продолжува и денеска, Фетаи и Ристоска престојуваат кај Спасовски, СЈО делува како коалиционен партнер на СДСМ, а кабинетот на Спасовски станува штаб на СДСМ, вели Андонов.

Тој кажа дека Чавков не бил информиран за ангажманот на алфите и како што рече, срамота е кога некои од алфите реализираат активности за потребите на УБК, а други за некоја друга намена.

– Затоа Спасовски изврши над 40 смени во Алфи и не ме информираше. Досега има направено над 160 хоризонтални промени, што укажува на тенденцијата на Спасовски да продолжи со утврдената пракса во МВР да се однесува своеволно и да го претвори МВР во штаб на СДСМ, рече Андонов.

Би можело да ве интересира

Одбележан Денот на македонската полиција

Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – еден од напаѓачите полицаец

Пронајдено детето што беше пријавено за исчезнато во Сарај

А1он

Меџити не кажа дали е можен министер за внатрешни работи: Ќе разговараме во наредните денови

А1он

Уапсен триесетгодишник од Стојаково, полицијата му нашла марихуана во домот

А1он

(ВИДЕО) Спасовски: Да не се заборави 27 април – најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Горан Наумовски