Анализа на Инфоцентар: Владините кампањи изобилуваат со стереотипи и предрасуди

Од:

Владата преку кампањите не ги информира граѓаните за политиките од јавен интерес, туку се промовира себеси и им наметнува на граѓаните вредности, ставови и принципи кои имаат исклучиво конзервативна-патријархална-демохристијанска суштина, се наведува во анализата на НВО Инфоцентарот која е подготвена во рамките на програмата за мониторинг на комуникацијата на извршната власт со граѓаните, а се однесува на кампањите посветени на семејните вредности и на меѓуетничата и меѓурелигиската толеранција.

Такви се во прв ред кампањите за семејните вредности, за многудетните семејства и за здравствените реформи што го ограничуваат абортусот.

Овие кампањи, како и кампањата за промоција намеѓуетничката и меѓурелигиската толеранција и соживот, преку навидум еманципаторски наратив, всушност промовираат неоконзервативни вредности и ги зацврстуваат постојните стереотипи и предрасуди.

– Владините кампањи покрај со религиски, изобилуваат и со огромен бројпатријархални пораки. Тоа е видливо во речиси сите кампањи, од оние за семејните вредности, па сѐ до оние за реформите во јавната администрација и субвенциите во земјоделството. Мажите и жените најчесто се портретирани во своите стереотипни општествени улоги и ваквиот начин на медиумско претставување не оди во насока на промоција на родовата еднаквост и еманципација, туку во насока на „бетонирање“ на постојните родови стереотипи и предрасуди, се потенцира во анализата на НВО Инфоцентарот.

„Во кампањите за семејните вредности, Владата црно-бело, односно во манихејски стил ги отсликува приватниот живот на граѓаните и очекувањата на државата од секое семејство. Оние кои немаат, не можат да имаат или, пак, не сакаат да имаат деца севоцрнети како себични кариеристи кои не знаат што е топол дом и вистинска љубов. За разлика од нив, многудетните семејства се исполнети со радост и љубов.Тие воопшто не се грижат како ќе му обезбедат квалитетен живот на своето потомство, зашто, според Владата, работите „сами од себе се средуваат“, а ако не, тогаш тука се „баба и дедо“.

На ваков начин, Владата не само што ја амнестира државата од каква било одговорност за креирање соодветна демографска политика, туку одговорностацелосно ја префрла на граѓаните и нивните семејства.

Исто така, таа се однесува крајно дискриминирачки и нееманципаторски во однос на своите граѓани. На пример, Владата се меша директно во приватниот живот на граѓаните и ги турка пред биполарен избор: или семејство или кариера. Исто така, Владата наместо да се залага за квалитетен живот на граѓаните и да промовира современо семејство, таа го „враќа во игра“ и го промовира проширеното семејство составено од баби, дедовци, синови, ќерки, внуци и др.19

Кога станува збор за абортусот, власта оди и подалеку. За неа, секој оној штоабортира, што се согласил на абортус или го поддржува е убиец и треба да чувствува вина поради тоа. За Владата, едноставно нема простор за каква било дискусија или дилема во однос на тоа дека секое семејство треба да има повеќе од три деца и дека абортусот треба да биде забранет, односно ограничен. Нејзините кампањи се исклучиво еднонасочни и пропагандистички. Таа не информира, тука нематнува, но и суптилно се заканува.

– Кампањата за меѓиетничката и меѓурелигиската толеранција тргнува од базичната претпоставка дека постојат етнички разлики кои се природни, односно припадниците на секоја етничка група имаат определени карактеристики, кои се базирани на стереотипите вкоренети во нашиот контекст. Анализираните спотови не ги отфрлаат или релативизираат овие стереотипи, ниту пак ги доведуваат под знак прашање.

Напротив, преку оваа кампања тие дополнително се легитимизираат и утврдуваат. Во спотовите не се таргетираат предрасудите и стереотипите кои етничките заедници ги имаат едни за други (на пример, преку укажување на нивната апсурдност), туку националните и етничките разлики се прикажани како неизбежни и природни. Или со други зборови, целта на Владата не е да ги надминува стереотипите и да ја еманципира публиката, туку да го репродуцира статус-квото и да создава привид на меѓусебно разбирање и соживот.

„Анализираните спотови не ги отфрлаат или релативизираат овие стереотипи, ниту пак ги доведуваат под знак прашање. Напротив, преку оваа кампања тие дополнително се легитимизираат и утврдуваат. Во спотовите не се таргетираат предрасудите и стереотипите кои етничките заедници ги имаат едни за други (на пример, преку укажување на нивната апсурдност), туку националните и етничките разлики се прикажани како неизбежни и природни. Или со други зборови, целта на Владата не е да ги надминува стереотипите и да ја еманципира публиката, туку да го репродуцира статус-квото и да создава привид на меѓусебно разбирање и соживот“.

Според Електронскиот систем за јавни набавки, само Генералниот секретаријат на Владата, во изминатите три години, распишал тендери, потпишал, договорил и реализирал дури осум медиумски кампањи. Кампањите во просек поединечно чинат половина милион евра, од кои 65 отсто добиваат маркетинг – агенциите за осмислување и реализирање на самите кампањи, а 35 отсто одат за закуп на медиумски простор. Најчесто кампањите се емитуваат во провладините медиуми и на ваков начин Владата станува еден од најголемите огласувачи1 во државата (втор огласувач во радиодифузијата во 2013 година). Она што е, исто така, интересно е фактот дека тендерите за кампањите ги добиваат само неколку маркетинг агенции, како што се, на пример, Република, Њу Момент њу идеас, Аквариус дизајн, Маркет Висион, Омега Комуникејшн.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Во медиумите во Македонија работат 2.100 луѓе, 20% од редовно вработените се во онлајн медиуми

Орце Костов

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

Влада: Веднаш по изборите да се подготват законски решенија за статусот на специјализантите по медицина

Штрајк на приватните специјализанти: Работиме 24 часа за 26.000 денари, а немаме ниту здравствено

Орце Костов

ДКСК: Владата и Апелациските судови не доставиле податоци за бројот на службени возила

Орце Костов