Анализа: Инвестицијата на државата во децата дава резултати, потребно паметно трошење на средствата

Од:

Инвестицијата на државата во децата последните седум години расте во апсолутен износ, но не го прати развојот на економијата, односно процентот од БДП што се издвојува за оваа сфера е намален, покажуваат резултатите од анализата на Finance Think – Институтот за економски истражувања и политики, Скопје, во соработка со канцеларијата
на УНИЦЕФ. Инвестициите во децата покажуваат резултати, и затоа е неопходна политика и за поголемо, но и попаметно трошење на средствата за развој на децата, со цел тие да станат возрасни и ќе придонесуваат во општеството.

– Во измината година анализиравме колку државата инвестира во децата, во образование, здравство и социјална заштита. Резултатите покажаа дека инвестициите во апсолутен износ од 2010 до 2017 растат, но, доколку се земе предвид колкав е раст на економија, тие не го следеле тој раст. Исто така, идентификувавме дека инвестициите во инфраструктурни проекти се маргинализирани. Во образованието во 2017 година учеството на инвестиции во инфраструктурата биле само 3,8 отсто од издвоените средства, а дополнително постои и подреализација на овие средства. Клучниот заклучок е дека зголемени инвестиции во децата покажуваат позитивни резултати, главно кон посетување градинка, но и кон оценките и резултатите на средношколците од сиромашните семејства, рече Благица Петрески од Finance Think.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска смета дека оваа анализа е добра основа за креирање на идните политики, но и зголемување на свесноста за тоа како се трошеле парите, особено во соцоцијалната заштита, бидејќи, како што рече, буџетот за оваа намена е висок во споредба со регионот, но, ако се види како се таргетирани парите за намалување на сиромаштија, ќе се согледа дека само 19,3 отсто од сиромашните се опфатени со програмите за социјална заштита.

-Тоа укажува дека системот не ги давал ефектите што се потребни бидејќи во буџетот за социјална заштита или на МТСП има трансфери кон пензискиот фонд кои се огромни, средства за мерки како „трето дете“ за кои финансиските средства се трошат кон нешто што не е поврзано со материјалната состојба на семејството. Со тоа се исцрпува буџетот, а не дава ефект на намалување на сиромаштијата или збогатување на децата и давање еднакви шанси и на сите деца од сите семејства, рече Царовска.

Затоа, рече, се преземаат реформи кои даваат основа за воведување детски образовен додаток како трансфер што директно се грижи за намалување на сиромаштијата и вклучување во образовниот процес. Не може да се грижите за дете, ако не се грижите за семејството, рече таа, и додаде дека затоа на гарантираниот минимален додаток се додаваат детскиот и образовниот додаток.

Таа рече дека затоа се работи на зголемување на капацитетите на градинките, со цел зголемување на опфатот на деца за подобар старт.

Бенџамин Перкс од УНИЦЕФ се согласува дека анализата е од голема важност за идното планирање на политиките. Она што загрижува, според него, е што се намалувал процентот од БДП што се издвојува за децата, како и смртноста кај новороденчињата, малиот опфат во градинките и сиромаштијата кај децата.

-Не станува збор само за тоа како ги трошите парите, туку колку интелигентно ги трошите. Ни треба политика која ќе ги извади децата од сиромаштија и ќе им овозможи да процветаат во училиштата , за да станат возрасни лица кои ќе придонесуваат за земјата, рече Перкс.

Тој додаде и дека реформите што се спроведуваат се во добра насока и треба да ги подобрат условите за развој на децата.

Министерот за здравство Венко Филипче истакна дека од почетокот на годинава приоритет на Министерството е, како што рече, зацврстување на капацитетите и реализација на програмите онака како се сега структурирани, како и развивање модел за кој верува дека ќе го смени и начинот на финансирање. Со тоа, рече, ќе се овозможи поголем процент од финансирањето преку програмите од МЗ де оди во насока на детското и мајчиното здравје.

Би можело да ве интересира

Една година од масакрот во Рибникар: „Ме смируваа врисоците на децата“, рекло момчето кое уби девет ученици и наставник

А1он

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

Татко ги терал децата да питачат, а парите ги трошел во казино – доби пријава

Анита Петровска Рајковиќ

Ваучери од 50 евра за наставничките, за родителите срамно е децата да им носат цвеќе

Орце Костов

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов