„Во 2009 та година, на покана на невладина организација заминав на аџилак во Саудиска Арабија. Организаторот ги покри сите трошоци. Патувавме со авион, бевме сместени во хотел со пет звезди. Дополнително имавме можност, односно ни беше обезбеден превоз во Мека и Медина. Целото патување до таму и престорој беа беспрекорно организирани“ – раскажува за „Поратлб“ млад човек кој имал можност да биде дел од ВИП посета на светите Мека и Медина.
За десеттина дена од Македонија ќе замине првата група на аџии кои ќе го почнат патот кон Саудиска Арабија. Годинава секој верник што се пријави да биде дел од најголемиот световен настан ќе треба на Исламската верска заедница да и плати 3 200 евра. Што за возврат добиваат верниците? Дали се плаќаат бесплатните визи и што напиша Стејт Департментот на Америка за наплатата на овие визи кои Саудиска Арабија ги доделува бесплатно, како квота? Лавина на прашања се отворија во јавноста во очи на годинешното заминување нс верниците на молитва во Мека и Медина. Годинава квотата за верниците од Македонија изнесува 1 600 визи. Во однос на лани интересот годинава е значајно поголем но конечната бројка, како што велат од ИВЗ, ќе се знае наскоро.
Кој, колку и по кој основ ги наплаќа патувањето?
Монополот што го доби Исламската верска зедница за да го организира верскиот обред за аџилак требаше да биде механизам со кој ќе се спречат злоупотреби и манипулирања со верниците од една страна и ќе се овозможи полесен и организиран престој во Саудиска Арабија, од друга страна, вели за “Порталб“ оџата Мухамер Вејсели, кој некогаш како дел од раководство на ИВЗ учествувал во креирање на Законот за верски заедници.
„Кога се носеше новото законско решени што го регулира работењето на верските заедници ние како исламска заедница бевме упорни да ја затвориме вратата на агенциите што се вклучени во организирање на аџилак. Сметавме дека ексклузивното право ИВЗ да го организира заминувањето на аџилак ќе биде механизам за одбрана и заштита од радикални групации кои се користат за носење на кеш пари. Друга предност е што организираното одење значи и отстранување на сите технички пречки кога на пример аџиите се враќаат во земјава, односнода немаат проблеми и застој на границата. Значи целта беше чисто идеолошка работа. “ – вели Вејсели.
Дали од идеолошка, целта стана финасика? Во 2003 та година аранжманот чинеше близу илјада евра, сега верниците треба да платат 3 200 евра. Според Циркуларното писмо што го испрати ИВЗ до канцелариите на муфтиите, во оваа сума се вклучени патните трошоци, престојот но и визите што треба да се бесплатни.
„Ријасетот на ИВЗ, врз основа на член 3, точка 17 на Уставот на ИВЗ, како и секоја година и годинава организира патување за аџилак. Цената на еден аранжман за аџилак по воздушна линија е 3.200 евра, а во цената се вклучени следните услуги: излезна виза, административна процедура за земање виза за аџилак, вакцинација и здравствена заштита, билети, сместување во хотелите во Мека и Медина, храна во текот на престојот во хотелите…“ – пишува меѓу другот во циркуларното писмо на ИВЗ.
Според процедурата во Македонија, излезната виза ја издаваат надлежните од Министерствот за внатрешни работи( секотор за странци) и таа, како што велат познавачите е бесплатна. Исто така, бесплатна е и визата за влез во Саудиска Арабија, која се доделува во форма на квоти.
„Пред ИВЗ да го добие монополот за делење на визи, верниците од Македонија најчесто патуваат во Албанија и таму преку амбасадите на Турција или Саудиска Арабија аплцираа за визи. Оваа постапка можеше да ја врши и некоја ангажирана агенција. И тогаш, целата постапка не беше скапа како сега. Визите беа бесплатни. Сега би кажал дека ние во Македонија зборуваме за скап аџилак, дури ако направиме споредба со западните земји. Уште едно проблематично прашање е што за овие 3 200 евра добива еден аџија од западот а што еден аџија од Македонија“ – вели за “Порталб“ Јасмин Реџепи, експерт по верски туризам и човек кој пред неколку години бил дел од световниот настан во Мека и Медина.
Забелешка за „наплата“ на бесплатните визи имаше и во последниот извештај на Стејт Департментот на Америка.
Според Стејт департментот, извори од македонската Влада и од муслиманската заедница во Македонија изјавиле дека ИВЗ се офајдила од улогата на посредник за саудиските визи кои им се потребни на верниците за да одат на аџилак во Мека. Таа повластена улога ИВЗ наводно ја добила директно од власта, се посочува во извештајот.
„Овие лица понатаму изјавија дека ова право и овозможило на ИВЗ да наплаќа непропорционална такса од 400 евра за да ги валидира апликациите за виза кои инаку се бесплатни од Саудиска Арабија, за земање учество во аџилак“, се вели во меѓународниот извештај за верските слободи на американскиот Стејт департмент, за Македонија.
Следена дилема според познавачите е вклученоста на туристички агенции во процесот на организирање на аџилакот. Имено, неколку агенции веќе нудат организирано патување, но сепак, постапката ја спроведуваат во координација со ИВЗ која ги дели визите.
„Друг проблем е разликата во цените, преку ИВЗ, како што информираат од таму, за годинава патувањето чини 3 200 евра, од агенциите пак нудат пониски цени кои пак се попримамливи, но сепак дел од парите завршуваат во ИВЗ. Прашање е дали тие пари се регистрирани и има евиденција за нив.“ – вели оџата Вејсели.
Како Македонија ги добива визите?
Принципот по кој Саудиска Арабија ги дели визите за аџилак е следен. Во Конференцијата на исламски земји членуваат 57 држави од каде на аџилак заминуваат околу 70 000 верници. Методот по кој се делат визите е на секој 100 000 муслимани се одобруваат по 1000 визи. За земјите што не се дел од Конференцијата се применува друга методологија, а во таа група е и Македонија. Имено станува збор за земји во кои муслиманското население не е мнозинство и за тие земји визите се делат преку квоти, според процентот на застапено население со исламска вероисповед. На Македонија, според застапеноста на населението од исламска вероисповед, односно ако се земат во предвид последните резултати од пописот во 2002 та година, би и припаднале до 800 визи. Саудиска Арабија на Макеоднија и доделува од 1 200 до над 2 000 бесплатни визи. Но ретко кога овие визи се искористени од страна на верниците што заминуваат преку ИВЗ, која пак директно преговара за бројката на нивното добивање. Договорите, односно преговорите за добивање на визите најчесто ги предводи самиот поглавар на ИВЗ, во слочајов реис-ул-улема Реџепи. Тој во разговорите со Министерството за аџилак на Саудиска Арабија ги соопштува показателите за застапеноста на муслиманското насление во земјава, но според познавачите останува отворено прашањето врз основа на кои мерења (без спроведен попис веќе 12 години) се презентираат податоци за бројноста на муслиманоското население. Второ прашање е што се случува со неискористените визи.
„Сега нас ни се случува злоупотреба и на довербата на државата кон ИВЗ и на довербата на Саудиска Арабија кон ИВЗ. Сметам дека со сегашниот начин на делење на визите, ние имаме двојно одрганизирање на аџилак. Во првиот случај тоа е ИВЗ заедно со нејзините муфтиства за што аџиите годинава плаќаат по 3 200 евра во кои се вклучени излезната и влезната виза, траспортот до Саудиска Арабија и таму, вакцинацијата и сместувањето. Во вториот случај како организатори се труристички агенции. Според информациите, ИВЗ директно организира околу 550 аџии, останатите се организирани токму преку агенции , кои пак повторно визите ги превземаат преку ИВЗ. Агенциите објавуваат дека организираат аџилак, ги регистрираат аџиите и повторно списокот завршува во ИВЗ. За возврат Агенциите треба да платат одреден сума“, тврди оџата Мухамер Вејсели и додава:
“Колку и да се добри законите и да нудат решенија, ако чуството на одговорност и морал го немаат верските лидери, тогаш тие законски решенија може и да се злоупотребуваат. Сегашниот закон е добар, но неговото евнетуално непочитува
ње го отвора и прашањето за тоа дали функционира системот на контрола. Надлежените органи треба да испитаат како се движат парите на релација агенции – ИВЗ“ – смета оџата Вејсели.
Кој е ставот на ИВЗ?
Не се точни обвинувањата дека Исламската верска заедница ги наплаќа визите за аџилак во Саудиска Арабија, ниту пак дека визите што ќе останат неискористени се продаваат на друга земја. Ова за “Поталб“ го тврди секретарот на ИВЗ Африм Тахири.
„Ниту излезните визи ниту визите за аџилак во Саудиска Арабија не се наплаќаат од страна на ИВЗ. Тие се бесплатни, ние наплаќаме во делот на административните процедури за да се добијат овие визи. Во сите услуги спаѓаат организирање на целиот верски обред, терба да се платат и луѓето кои ги предводат групите на аџии, ИВЗ е задолжена да ја организира и да ја спроведе целата постапка, од добивање на визите до превземање на пасошите, транспортот, како внатрешниот така и надвор од земјава. Трошоци има и за таксите кои се плаќаат на влез во Саудиска Арабија. Така, ако одите по копнен пат се плаќа по 100 евра од аџија, додека преку воздушен пат таксата чини 210 евра“ – вели секретарот на ИВЗ Тахири.
Не открива колку пари чината административните процедури, ниту пак колку пари од вкупната сума од 3 200 евра, што ја плаќа секој аџија што заминува на аџилка, остануваат чисти. Тој потврдува дека се наплаќаат и вакцините по 50 евра, но велид ека станува збор за наплата на услугата за вакцинирање.
„Секоја услуга се плаќа, секое муфтиство има обрски да ја спроведе процедурата. Точно е дека се плаќа и делот што се одесува на вакцините. Точно е дела тие се бесплатни, односно се донација на ИВЗ од Турција, но и тука се наплаќа услугата а не вакцината. Исто така, ИВЗ ја обезбедува и храната за аџиите која чини 200 евра по верник. Дали нешто од целата сума што се наплатува останува за ИВЗ, јас не сум надлежен да кажам, но целата постапка е транспарентна.“ – вели Тахири.
Негира дека неискористените визи се продаваат на други држави, вели дека тоа е невозможно бидејќи целата псотапка се спроведува по електронски пат.
„Нема шанса да се прави бизнис од неискористените визи“ – вели Тахири и додава:
„Постапката за организирање на целиот верски обред е според законите и транспарентна.“ – оценува секретарот на ИВЗ.
Годинава квотата за верниците од Македонија изнесува 1 600 визи. Во однос на лани интересот е значајно поголем но конечната бројка, како што велат од ИВЗ, ќе се знае наскоро.
За време на аџилакот, според странските медиуми, Саудиска Арабија очекува приход од 8,5 милијарди долари.
Анализа на Порталб