Анакиев доби 30 дневен притвор

Од:

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му одреди 30-дневен притвор на приведениот директор на Државниот инспекторат за земјоделство, Васе Анакиев, кој вчера беше фатен, а денеска и формално лишен од слобода и осомничен за примање мито.

-Прифатен е предлогот на ЈО за определување мерка притвор во траење од 30 дена против В.А. по сите три основи, опасност од бегство, влијание врз сведоци и опасност да го повтори делото, потврдија од Кривичен суд – Скопје.

Го фатиле со обележани пари, кога од бараните 100 илјади евра од увозник, преку шпедитер – посредник земал половина од сумата за да овозможи влез на стока, за која, како што велат од Обвинителството, вршел притисок врз службеници да не биде пропуштена и да стои на граница

Мерката е определена на предлог на Основното јавно обвининителството за гонење на организиран криминал и корупција кое денеска отвори истражна постапка против државниот службеник.

Би можело да ве интересира

МВР: Четири лица приведени за семејно насилство

Намалена видливост поради магла на патниот правец Лисец – Попова Шапка, во Крушево и на планинскиот превој Плетвар

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

Во напуштен објект во Аеродром пронајден е починат 38 годишен скопјанец – до него е пронајден пиштол

А1он

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода – констатирани прекршоци и изречени мерки

А1он

Уапсени се 12 возачи за безобѕирно возење

А1он