Ана Петровска ја објави изборната програма: Нудиме зелени решенија, еколошки и економски развој на Скопје

Од:

Ана Петровска, кандидат за градоначaлничка на Град Скопје, ја објави програмата со која настапува на претстојните локални избори.

„Заедно со граѓаните, со предложените идеи, со многу часови работа и консултации со членовите на Зелен Хуман Град, составивме програма која му обезбедува на Скопје зелена и хумана иднина. Скопјани заслужуваат здрав живот, функционална локална власт, зелени површини, чист воздух, намален метеж, заштита од урбанистичката мафија. На главниот град му е потребна еколошка и културна трансформација. Време е за промени, ова е момент на пресврт. Бизнисот и личните интереси се ставаа пред здравјето и потребите на граѓаните. Доволно беше. Стручни и ценети луѓе во своите професии можат да му донесат свежина на Скопје, можат да му го вратат препознатливиот сјај“, вели таа.

Петровска тврди дека програмата нуди решенија за голем број проблеми на граѓаните, зелени решенија, еколошки и економски развој на градот.

„Проектите се реални, не ветуваме нешто што не можеме да исполниме. Имаме желба, имаме знаење и најважно, спремни сме за работа“, вели Петровска.

Би можело да ве интересира

Зелен хуман град: Пропаднаа мерките за спречување на аерозагадувањето во Град Скопје

Зелен хуман град: Го одбиваме буџетот на Град Скопје за 2024 година

Катерина Ѓуровски

Зелен Хуман Град: 15 предлози за намалување на аерозагадувањето преку Град Скопје

Ана Ололовска

Зелен хуман град до УСЈЕ: Никој не ви верува на провидните маипулации

Катерина Ѓуровски

Kонстантин Петрески избран за претседател на Градскиот еко совет

А1он

ДИК одлучува по приговори од вториот круг на изборите за градоначалник на Дебар

Ана Ололовска