Ана Павловска-Данева предложена за уставен судија

Од:

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата за денеска во 12:30 часот има закажано седница со една точка на дневен ред – Предлог за избор на судија на Уставниот суд.

Според објавеното на веб страницата на Собранието, за судија на Уставниот суд е предложена Ана Павловска-Данева, професорка на Правниот факултет во Скопје.

Вчера, во Собранието беше повлечен предлогот Љубомир Јовески да биде предложен за уставен судија. Тој во изјава за МИА рече дека е изненаден од повлекувањето на предлогот без да се наведат основните причини за тоа.

– Пристојно е да се дадат два три збора. Нанесена ми е штета, ако не сметале дека може процесот до крај да го водат, не требало да ме предлагаат, бидејќи бев изложен на непотребни напади, вели Јовески, додавајќи дека сметал оти процесот е завршен бидејќи веќе година и половина не се покренувало ништо.

Би можело да ве интересира

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски

Претседателот на Уставниот суд апелира за итен избор на уставен судија

Костадиновски: Сè зависи каде се применува бадентерот

Костадиновски: Итно да се изберат двајца уставни судии

Костадиновски: Укинувачката одлука на Кривичниот законик би направила поголема штета од пратеничката

Собранието ја констатира оставката на Дабовиќ-Анастасовска, опозицијата бара Анкетна комисија за трагедиите

Горан Наумовски