Даниел Баер: Има сериозни тврдења кои ја доведуваат во прашање независноста на медиумите и судството

Од:

Американскиот амбасадор во ОБСЕ, Даниел Баер изрази загриженост од политичките случувања во Македонија.

„Забележуваме дека има сериозни тврдења кои ја доведуваат во прашање независноста на медиумите во Македонија, на судството и почитувањето на основните демократски права кои Владата е посветена да ги заштити.

Загрижени сме од влијанието на Владата врз медиумското покривање на актуелната ситуација и дека тоа може да ја попречи дебатата по прашања од јавен интерес. Карактерот на овие прашања бара итно внимание од македонските власти – граѓаните не заслужуваат ништо помалку”, изјави Баер во изјава која беше објавена и на твитер профилот на американската мисија.

Во неговата изјава се додава дека политичките лидери во Македонија од сите страни можат да побараат совет и поддршка од мисијата на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов