Амбулантата на Клиниката за хематологија во обновени простории

Од:

Од понеделник, 1 октомври, повторно ќе биде ставен во употреба за пациентите Специјалистичко-консултативниот оддел од ЈЗУ Клиника за хематологија, популарно наречен „Амбуланта“ на оваа Клиника во постојните просторни капацитети.

Клиниката по двомесечни градежни зафати, денеска го отвори овој објект комплетно реновиран во рамки на одбележувањето два големи јубилеја – 38 години од основањето на Клиниката и 18 години од изведувањето на првата трансплантација на матични хематопетски клетки во Република Македонија.

– Со реновираниот оддел сакаме да покажеме дека сме еден од добрите примери за тоа како пациентите во јавна здравствена установа покрај врвната медицинска услуга можат да добијат и комплетен современ третман од аспект на чувството за достоинство, удобност, згриженост како и почит за нивното време. Обезбедивме европски услови не само за македонските осигуреници туку и подобри услови за работа на медицинскиот персонал, стои во соопштението од Универзитетската клиника за хематологија.

Би можело да ве интересира

На Клиниката за хематологија отворен Центар за трансплантација на хематопоетски матични клетки

Реакција на Ирина Пановска Ставридис на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ

На Хематологија следната недела втора трансплантација на коскена срцевина од несроден донор

Наум Локоски

Втор конгрес за хематологија во Скопје

Ана Ололовска