Амбасадорот на Хрватска го посети Куманово

Од:

Хрватскиот амбасадор во Македонија, Златко Крамариќ беше во официјална посета на Куманово, при што имаше средба со градоначалникот Зоран Дамјановски, со кој зборуваа за проблемите во градот и актуелнита состојба во Македонија.

Градоначалникот Дамјановски рече дека Куманово досега има одлична културна соработка со Хрватска и дека му претставува чест што во неговиот град гостин е човек од држава која има направено големи чекори во однос на интеграциите во Европа.

-Направивме една конструктива дискусија, ги лоциравме нашите проблеми пред се од комуналната сфера на живеење. Двајцата сме на иста констатација дека кризата треба и мора да се надмине. Сите сме со една надеж дека работите полека ќе се отворат позитивно – изјави градоначалникот на Куманово

Амбасадорот Крамариќ изјави дека дијалогот е секогаш подобар од монолог и нагласи дека верува во политичка мудрост и зрелост на луѓето кои се одговорни во Македонија, како на државно така и на локално ниво.

-Се надеваме дека ќе се покаже зрелост која во вакви ситуации е потребна. Јас доаѓам од сферата на лингвистиката, литературата, ме научиле дека нема спогодби ако пред тоа немало недоразбирања. Мора да преовлада дијалог, компромис, ретерирање и налагање да изборите бидат слободни и фер, еднаков пристап на медиумите, се она што ја сочинува агендата на слободни и фер избори – изјави Крамариќ.

 

Би можело да ве интересира

Трите деца пронајдени на улица се прегледани во болница, случајот го следи Центарот за социјални работи – Куманово

Горан Наумовски

Три деца пронајдени без свест во Куманово, сомнежот е на труење од вдишување лепак

Горан Наумовски

Бебе од Куманово затруено со средство за чистење – заврши во болница

А1он

Зголемен број пациенти со стомачни тегоби во Куманово

Млади кумановци украдоа маси и столови од локал, кражбата ја признаа во полиција

Горан Наумовски

Поддршка за Вучиќ од Македонија – утре на пладне собир во Куманово

Предраг Петровиќ