Амбасадорот на БиХ, Беговиќ ја посети општината Куманово

Од:

Амбасадорот на Босна и Херцеговина во Република Македонија, Здравко Беговиќ денеска беше во протоколарна посета на Општината Куманово.

На средбата со градоначалникот Зоран Дамјановски, разговарале за интензивирање и продлабочување на соработката помеѓу босанските општини и Куманово во наредните 4 години.

– Во овие тешки економски времиња правиме планови и програми како да воспоставиме практична економска соработка, но и културна, спортска и други видови на соработка. Цврсто сум убеден дека во времето кое доаѓа ќе бидеме сведоци на размена на делегации меѓу БиХ и ова општина која е значајна за Македонија, која практично е северна капија на државата, вели амбасадорот Беговиќ.

Ставот на Дамјановски е дека градовите од регионот треба да се стремат кон интегрирање во Европската Унија. Тој потенцираше дека Куманово има добра соработка со Бјелина, Бања Лука, и секако Сараево, престолината на БИХ.

– Знаете дека моите врски со најважните општини во Република Српска, Бања Лука и Бјелина се на високо ниво и еве ги првите честитки од неговата екселенција Здравко Беговиќ. Оваа честитка посебно ми е драга бидејќи на некој начин е симболика на градење на соживот, на едно мултиетничко општество. Отворивме теми за наша соработка во иднина, пред се меморандумот со Бања Лука и збратимувањето, со што ќе го продолжиме нашиот развоен пат на интегрирање како што сме зацртале, изјави Дамјановски.

Тој најави дека на Кумановското културно лето 2013 ќе учествуваат културни дејци од Босна и Херцеговина. За Општина Куманово вели дека има голем потенцијал и очекува градење на пријателски односи, размена на искуства во повеќе бранши.

Би можело да ве интересира

ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово

Сообраќајка на автопатот „Пријателство“ – удрил во паркирани автомобил и камион

Анита Петровска Рајковиќ

Прогласена епидемија на голема кашлица во Куманово

Катерина Ѓуровски

Дилер од Куманово со нож повредил полицаец

Горан Наумовски

19 годишник дивеел и кршел во полиција во Куманово, нападнал и полицаец

МВР: Приведени се разбојниците кои пукаа и ограбија кумановец