Амбасадорката Брнз за насилството во Вашингтон: Од ова ќе излеземе посилни

Од:

Американската амбасадорка во Северна Македонија, Кејт Мари Брнз, во објава на Твитер ги осуди насилствата во американскиот Конгрес во Вашингтон.

-Благодарна сум за изразите на грижа и поддршка од пријателите и партнерите во Северна Македонија кои ја пренесоа својата верба во силата и отпорноста на американската демократија. Знам дека од ова ќе излеземе посилни и оти доаѓаат подобри денови, напиша американската амбасадорка на Твитер.

Таа посочува дека не може да има изговор за ваков акт на политичко насилство, како што беше нападот врз Капитол хил во средата.

-Претставува утеха што овие акти на насилство беа осудени ширум САД и во светот и само по неколку часа, нашиот Конгрес го потврди изборот на Бајден како иден претседател на САД, а претседателот Трамп вети уредна и беспрекорна транзиција на власта на 20 јануари, напиша Брнз на својот официјален Твитер профил.

Пред два дена толпа поддржувачи на претседателот во заминување Доналд Трамп упаднаа во американскиот Конгрес, при што животот го загубија пет лица.

Би можело да ве интересира

САД со ултиматум до Израел: Да се подобри хуманитарната ситуација во Газа

Авионска несреќа во САД, загина пилот, еден патник е повреден

Одговорот на Лавров: Соединетите Американски Држави и нивните сателити едноставно се плашат од фер конкуренција

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Објавена снимка од американски разурнувачи кои пукаат во ирански ракети

Џо Бајден се противи Израел да ги таргетира иранските нуклеарни локации

Најмалку 64 жртви на ураганот Хелена во југоисточниот дел на САД