Амбасадата на САД загрижена за забраната на објавување материјали од „Пуч“

Од:

Амбасадата на САД со загриженост ја проследи изјавата од 3 февруари на Канцеларијата на Јавното обвинителство дека „објавувањето на материјали кои може да станат предмет на натамошна кривична постапка е забрането и казниво со закон“.

Слободните медиуми се столб на едно демократско општество и медиумите играат клучна улога во презентирањето на информации од јавен интерес, вклучувајќи и информации кои би можеле да укажуваат на злоупотреба на власт и да резултираат со кривични постапки против јавни личности. Загрижени сме дека медиумите во Македонија може да ја толкуваат изјавата на Јавното обвинителство како истата да значи дека тие не треба да ја играат оваа значајна улога. Ги повикуваме властите да дадат јасно правно објаснување за изјавата од 3 февруари, поконкретно определувајѓи ги околностите во кои една информација мора да се третира како службена тајна, и да објаснат како новинарите ќе знаат во кои случаи ќе постојат таквите конкретни околности.

Би можело да ве интересира

Организаторите на пучот во Германија купувале оружје и во Хрватска

Горан Наумовски

Пучдемон бара од Општиот суд на ЕУ да му го врати европратеничкиот имунитет за да избегне екстрадицијата во Шпанија

Ана Ололовска

42 илјади евра ќе му плати државата на Верушевски зашто бил неосновано притворен

Васко Маглешов

(ВИДЕО) Судот со двојни аршини: За „Пуч“ дозволи, за 27 април обвинението се оценува без јавноста

Васко Маглешов

Верушевски за душевна болка бара 71 илјади евра од државата зашто бил неосновано уапсен и притворен

Васко Маглешов

ВИДЕО: Ако не чуле обвинителите досега, еве сега нека истражат кој нè местел во „Пуч“, повика Заев

Васко Маглешов