Алтхаузер: Германија е само набљудувач

Од:

Германската амбасадорка во Македонија Кристине Алтхаузер денеска одговорајќи на новинарско прашање дали е можен прием на Македонија во НАТО под привремената референца, изјави дека тоа е работа што треба да ја решат Скопје и и Атина, а Германија е само набљудувач.

– Секако дека е значајно тоа што министерот (Никола) Димитров на една од првите свои средби отиде токму во Атина. Ова прашање не би сакала воопшто да го коментирам бидејќи е тоа работа на двете држави. Тука Германија е само набљудувач, изјави амбасадорката Алтхаузер по панел дискусијата „Соработката помеѓу општините, компаниите и граѓанскиот сектор – проект Сити 3 за заштита на климата“, организирана од Амбасадата на Германија во Скопје и „Еко-свест“.

Во однос на очекувањата од претстојниот Самит за Западен Балкан во Трст во рамки на Берлинскиот процес и кои ќе бидат пораките на канцеларката Ангела Меркел за ЕУ и НАТО интеграцијата на Македонија, германската амбасадорка упати на изјавата на сојузниот министер за надворешни работи Зигмар Габриел дадена неодамна во Берлин.

– Министерот Габриел на конференцијата во Берлин го изнесе својот став за тоа на кој начин Балканот понатаму ќе биде вклучен во берлинскиот процес, којшто е добар почеток и за плановите коишто треба да бидат поамбициозни, да се види што поконкретно понатаму може да се стори на Балканот. Што се однесува до конференцијата во Трст би почекала што ќе се случи таму, рече амбасадорката Алахузер.

Би можело да ве интересира

НАТО стравува дека Трамп ќе ја принуди Украина на понижувачки мир со Русија

Литванија: НАТО итно подигна борбени авиони поради непознат објект

Американски генерал: Путин игра опасна игра, но НАТО е многу помоќен од Русија

А1он

Москва: НАТО забрзано и стихијски се вооружува

Горан Наумовски

НАТО подготвува план за руски напад, дроновите вештачката интелигенцијаи треба да бидат првата линија на одбрана

Италијански војници по грешка пукаа во свои, има тешко повредени