Алтернатива: „Кралот е гол“, да се истражат индициите за корупција на семејството Ахмети

Од:

Секој ден гледаме нови индиции за криминалот и корупцијата на високите функционери на ДУИ и членовите на нивните семејства. Истражните органи продолжуваат да молчат пред силните сомнежи за можна злоупотреба на милиони евра од страна на членовите на семејствата на функционерите на ДУИ, вклучително и членовите на семејството на Али Ахмети велат од Алтернатива.

– Бараме правосудните органи да ги истражат сите индиции и да го докажат потеклото на имотот на оваа династија, создадено на грбот на проблемите на Албанците. Се чини дека ДУИ била добро обучена за време на режимот на Груевски. Тогаш беа Груевски и фамилијата, сега се Ахмети и фамилијата, Груби и фамилијата, Мерко и фамилијата… Како ДУИ да беше огранок на Коза Ностра, а не политичка партија. Стана јасно каков беше гласот на раководството на ДУИ за ветинг. Ова беше политичката измама на векот. За да се сокрие богатењето на семејствата на ДУИ, мораше да се истражи имотот на сите други, освен нивниот. Овие индиции за корупција, спротивно на вредностите на ЕУ и НАТО, се најсилната потврда дека предлог-уставниот амандман на АлтернАтивА го удира во срце политичката корупција на високо ниво. Кога ќе овозможиме кривичните дела вршени од избраните и именуваните лица никогаш да не застарат, тогаш ќе бидеме сигурни дека нема спас дури и за оние кои можат привремено да влијаат врз одлуките на истражните органи. Едно е сигурно: „Кралот е гол“, додека Албанците веќе гласно зборуваат за ова, се вели во соопштението од Алтернатива.

Би можело да ве интересира

ВРЕДИ: “Скенерот“ што го бара Али Ахмети се вика Артан нон грата Груби

Катерина Ѓуровски

За да оди на протест на поранешната ОВК во Тирана, Ахмети ги откажа настаните на последниот ден од кампањата

Меџити: Ахмети не зборува ништо за „српскиот свет“, бидејќи лобисти се неговиот син и неговото семејство

Изјавите на Ахмети не заслужуваат да се коментираат, вели Мицкоски

Демократски сојуз: Обвинителството да покрене постапка против Али Ахмети за повик за загрозување на територијалниот интегритет на Македонија

ВИДЕО: Дел од граѓаните ќе одат со Албанија, дел со Бугарија, ако не продолжи патот кон ЕУ, порача Ахмети од Тетово