ВРЕДИ: Против кого протестира Бујар Ахмети – против самиот себе или против чичко му Али Ахмети

Од:

Присуството на Бујар Ахмети на протестот на студентите кои бараат правосудниот испит да може да се полага и на албански јазик предизвика реакции од коалицијата ВРЕДИ.

Од ВРЕДИ велат дека станува збор за „политичка иронија“, посочувајќи дека Ахмети бил заменик-член во Комисијата за полагање на правосудниот испит, кој во моментов се спроведува само на македонски јазик.

„Се поставува прашањето – против кого протестира Бујар Ахмети? Против самиот себе, како дел од системот што со години ја одржуваше оваа неправда, или против својот чичко Али Ахмети, кој повеќе од 22 години беше на власт и именуваше министри за правда што не презедоа чекори за решавање на ова прашање“, велат од ВРЕДИ.

Од коалицијата ја обвинија ДУИ дека „со години ги манипулирала Албанците со ветувања за унапредување на правата“, додека, според нив, албанските студенти и натаму се соочувале со институционални пречки.

„На студентите не им треба политички театар, туку конкретни решенија“, наведуваат од ВРЕДИ, додавајќи дека со нивна иницијатива правосудниот испит ќе може да се полага и на албански јазик.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Катастарот ја открива имотно-правната врска меѓу Висар Ганиу и Недим Рама, седум викенд-објекти на иста парцела

Кој го одолговлекува случајот со Артан Груби, прашува ВРЕДИ

ВРЕДИ: ДУИ ги турна студентите на улица, ние овозможуваме сите испити да се полагаат на албански јазик

ВРЕДИ се обедини во еден политички субјект

ДУИ: Како семејниот клан на Изет Меџити го пустоши МЕПСО преку активисти на ВЛЕН

Лимани: За предвремени избори сум и нема веќе да бидам дел од „Вреди“