Алтернатива има две опции или да го послуша гласот на народот или да се претопи во криминално милје на Заев велат од ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева на денешната прес конференциоја одговарајќи на новинарско прашање кој е ставот на ВМРО-ДПМНЕ за можноста Алтернатива да биде дел од владата на СДСМ и ДУИ, нагласи дека Алтернатива има две опции или да го послуша гласот на граѓаните кои на овие избори гласно се спротивставија на политиките на оваа влада или да тргне по позиции и со самото тоа да се претопи во криминално милје на Заев.

-Ако Алтернатива мисли дека треба да биди дел од влада на СДСМ и ДУИ и на сето она што тие како багаж го носат со себе, криминал, корупција, сиромаштија, тогаш навистина искрено жалиме. Алтернатива има две опции, едната е да го послуша гласот на граѓаните кои на овие локални избори гласно се спротивставија на политиките на СДСМ и ДУИ, или да тргне по трката за позиции и со тоа да се претопи во криминалното милје на Заев, вели Митева.

Митева истакна дека во моментот владата се опстанува врз основ на киднапиран пратеник на кој што како што рече таа му пропаѓа оправдувањето кое што го дал за таков чекор, а тоа е добивање на датум за почеток на преговорите со Европска Унија.

-Во однос на ситуацијата 60 – 60 во моментото можеме да кажеме дека власта се одржува врз основа на киднапиран пратеник на кој што гледаме дека му пропаѓа и она оправдување кое што го даде за таквиот чекор, а тоа е добивањето на датум за Европската унија, изјави Митева.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сретна со Рама без македонско знаме, а средбата ја премолчи пред јавноста

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВМРО-ДПМНЕ бара одговорност од Обвинителството за пуштањето на осомничениот за нападот врз Сара

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард