Алтернатива добива три министерски места меѓу кои и Здравство, за влезот во Владата и следуваат и повеќе директорски места

Од:

Алтернатива која го проширува паралментарното монзинство со четири пратенци со влезот во Владата добива две минстерски места и тоа во Министерството за здравство, Министерството за информатичка технологија и администрација, добива и минстер без ресор задолжен за дијаспора. Кадри на Алтернатива меѓу другото ќе управуваат со МЕПСО, Фондот за пензиско осигурување, Клиниката во Тетово. Алтернатива ќе ќе добие и двајца или тројца заменик министри.

Ова го соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес конференција на која беше потпишан договорот за соработка во Владата со Алтернатива.

-Вредноста на овој договор е справување со предизвиците. Најважно е функционирањето на институциите и јасно утврдена одговорност пред граѓаните. Тоа е важно во време на предизвици дома и на глобален план. Постигнатниот договор е дека имаме мнозинство кое ќе работи на решение за предизвиците, како што е обезбедување контиунутеот како што е почеток на преговорите со ЕУ. Справување со ковид 19 пандемијата. На коалциниот партнери сите ние заедно егногласни сме дека на Северна Македонија е потребна влада која испорачува резултати во интерес на граѓаните, посебно во време кгоа е потребен евроатлатнски курс на дејствување – рече Заев.

Беким Сали е решението на алтернатива за мистерското место во Здравство. Заев нема забелешки, но вели Алтернатива треба да го потврди името низ партиската хиерархија, а тој ќе разговара со коалициските партнери.

Мнозинството во моментов брои 64 пратеници со можност да биде зголемено на 66 рече Заев.

Кадровските решенија што ќе ги предложи Алтернатива за министри и заменици министри ќе го чекаат новиот мандатар за да бидат избрани во Собранието.

-Владата околу крајот на годината ќе биде предложена, мојата оставка ќе биде депонирана, кога ќе почне постапката за предлагање на новата Влада во Парламентот. Тоа се 20-ина дена од сега. Ова прашање од тогаш натаму не зависи од мене, туку ќе зависи од новиот мандатар, од новиот премиер, рече денеска премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата со лидерот на Алтернатива Африм Гаши.

За кадровските решенија во Алтернатива ќе решава Централното претседателство. Гаши рече дека во наредните денови ќе направат внатрепартиски консултации и кога ќе имаат решенија, рече, ќе го свикаат централното претседателство и ќе се донесат одлуките кои имиња ќе ги претставуваат во извршната власт.

Прашан дали сега е подготвен да го смени Венко Филипче од функцијата, бидејќи не ја прифати неговата оставка по пожарот во модуларната болница во Тетово, Заев одговори дека Северна Македонија досега немала подобар министер за здравство.

-Венко ќе стане подругар со мене отколку што бил зашто ќе имаме повеќе време, рече Заев.

На новинарско прашање зошто, за разлика од Беса која имаше еден министер и двајца заменици во Владата, за соработката со Алтернатива се спомнуваат повеќе членови и 47 функции и дали тоа било условот за влез во Владата, Гаши одговори дека во преговорите за влез во Владата немале уценувачки пристап и дека единствено се раководеле за доброто на државата и дека условот бил програмските определби.

Заев, пак, кажа дека не знае за список на функции што е објавен, но може да потврди дека Алтернатива добива доста повеќе значајни одговорности во извршната власт.

Во однос на коалицирањето со опозициските партии за локалните избори, Африм Гаши рече дека ставот им е оти остануваат докрај верни на коалициите со кои заедно настапиле – и Алијанса за Албанците и онаму каде што поддржале независен кандидат.

-Нашите гласачи гласале за тие кандидати. Ние унилатерално нема да ги прекинеме овие коалиции, се додека од другата страна нема раскинување или се искаже недоверба или унилатерално ја прекинат соработката со Алтеранатива. Тогаш ќе бидеме принудени да функционираме поинаку, рече Гаши.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

ВИДЕО: За малку тепачка во Собрание меѓу Апасев и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Втор ден амандманска расправа за Предлог-буџетот за 2025 година