Алити: ВМРО-ДПМНЕ ја прифати платформата, испратија писмен документ

Од:

ДУИ добиле писмен документ и од ВМРО-ДПМНЕ, како што добиле и од СДСМ за време на преговарачкиот процес и тој бил прочитан пред централното претседателство на партијата, изјави за Телма, Рафиз Алити.

Тој објаснува дека во документот била наведена и распределбата на министерски места помеѓу партиите во евентуалниот состав на идната влада.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ се согласиле со сите барања од Платформата на албанските партии, освен со продолжување на мандатот на Специјалното обвинителство, што, вели тој, било главна пречка двете партии да не можат да се договорат за владина коалиција.

Деновиве се очекува централното претседателство на ДУИ да го разгледа пакетот испратен од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

ДУИ: Владата да го разреши министерот за економија поради слаб одговор на кризата