Алими за 27 април: Не ме интересира дали ќе има амнестија или не, јас делував по наредба

Од:

Абдулфета Аљими, обвинет за насилниот упад во Собранието на РМ на 27 април минатата година, на паузата од денешното рочиште за крвавиот четврток изјави дека не го интересира дали ќе има амнестија за сите обвинети за случајот или пак не бидејќи, како што тврди, не е виновен за случувањата таа вечер во законодавниот дом затоа што делувал по наредба на началникот Горан Ѓошевски кој е исто така на обвинителната клупа за овој случај заедно со уште 30 лица.

– Не ме нтересира дали ќе има амнестија или не, знам дека не сум виновен. Бев на службена должност, јас сум полицаец и делував по наредба на началникот, рече Алими.

Денешното судење за 27 април продолжува со разгледување на снимките од безбедносните камери во Собранието.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Државата конфискуваше 11.600 евра од осудениот раководител за урбанизам во Маврово и Ростуше

Апелацискиот суд на САД ги запре масовните отпуштања од федералните агенции

Судот ги поништува царините на Трамп и ги прогласува за нелегални

Одреден притвор за полициските службеници поврзани со пожарот во диското во Кочани

Предраг Петровиќ

Судот нареди итна забрана за контролата на Маск врз американските платежни системи

Горан Наумовски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски