А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Алими до Села на 27 април: Додека сум жив ќе те бранам, а доколку не останам жив, прости ми

by А1он11/12/2018 - 18:1211/12/2018 - 18:15334
Share0

Последно што помнам е дека во прес-центарот на Собранието врз пратениците се фрлаа предмети. Видов како кон мене фрлија монитор од компјутер и веднаш потоа ја изгубив свеста. Се освестив во една од канцелариите во Собранието, беше темно без светла. Бев сместен позади едно биро, а кога ги отворив очите до мене беше Абдуљфета Алими, кој ме праша како сум. Во еден момент му се обратив и му реков „Мојот живот е во твои раце“, а тој ми врати со зборовите „Додека сум жив ќе те бранам, а доколку не останам жив, прости ми“, сведочи пратеникот и претседател на Алијансата за Албанците, Зијадин Села на рочиштето за „27 април“.

Следете a1on на Instagram Instagram

Села рече дека во просторијата заедно со припадникот на обезбедувањето од Собранието, сега обвинетиот, Абдуљфета Алими имало уште едно лице од оние кои протестирале, кое му помагало на Алими.

– По одредено време, ми облекоа дуксер. Ми ставија значка од полиција и ме изнесоа надвор како повреден полицаец. Во ходникот пред да излеземе го сретнавме Никола Тодоров. Тој инсистираше да ме носат во Градска, а докторот инсистираше да ме носат на клинички. Во еден момент Тодоров му рече на докторот „Правете што сакате“. Цело време Абдуљфета беше со мене. Кога пристигнавме на КАРИЛ, Алими ме праша дали е слободен, мислејќи на зборот кој ми го даде во Собранието, дека сум во негови раце, рече Села.

На прашањето од обвинетиот Никола Митревски Кољо дали е вистина дека Села со негов имот го спасил Алими од затвор, Села одговори дека Абдуљфета Алими е најзаслужниот. Претседателот на Алијансата за Албанците рече дека Абдуљфета Алими е најзаслужниот што тој е жив и дека поради тоа му е должник.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Во целата постапка, кога слушнав дека тој не може да излезе од затвор, бидејќи нема доволно имот, јас одлучив да го дадам мојот имот, за тој да биде на слобода. Мојата куќа е негова куќа, јас сум му должник со мојот живот, рече Села.

Наредното рочиште за 27 април е закажано за в четврток каде исказ ќе даваат 5 сведоци предложени од обвинетиот Богдан Илиевски.

Виктор Јованов

27 aprilselasobraniesud

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Горан Наумовски07/05/2026 - 15:20

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он29/04/2026 - 18:44

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Горан Наумовски27/04/2026 - 13:11

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

Горан Наумовски27/04/2026 - 12:29

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Горан Наумовски27/04/2026 - 11:06

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 18:16
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто